38.machenici1

-Да не празнуваме Воскресение Христово без Христос. Оти овој ден е велик, голем ден и не може да биде таков без Великиот Бог кој доброволно се унижи, се понижи заради нас. За жал можам да заклучам дека многумина од нас празнуваат Воскресение Христово без Христос. Нема ништо потажно од тоа и нема поголема несреќа и поголема тага од таа. А ние сме повикани да се радуваме.  Но, не можеме да се радуваме ако не го примиме оној, кој токму во овие денови, особено по неговото воскресение на неговите ученици им вели:  „Радувајте се!“, вели Неговото Преосвештенство, Викарниот епископ Стобиски г. Јаков во велигденското интервју за Тивериопол мк.

Пренесувајќи го благословот од нашиот свет Владика, викарниот епискот Јаков повикува на прославување на Воскресението со Христос.

-Кажете ми како може да се радува некој без Христос. Како може овој ден воскресен да биде Велигден, радосен ден, без оној којшто носи радост, без изворот на радоста, вели г. Јаков.

За Воскресението како тајна на спасението, за активниот литургиски живот, за благодатниот оган погледнете повеќе во видеото.

 

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/video-veligdensko-intervju-so-negovoto-preosvestenstvo-vikarniot-episkop-stobiski-g-jakov/?fbclid=IwAR3bs3hYcoV-t43EDECNmoD4d0XKlzJgJuq79vBdyhSSMUWGDWtMxaNpKbU

1ви мај 2021 лето Господово