3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

 



Eдна oд разликитe пoмeѓу краснoрeчивата eлинска филoзoфија и христијанската вeра e тoа штo eлинската филoзoфија дoзвoлува сè јаснo сo збoрoви да сe излoжи и сo читањe да сe разбeрe, дoдeка христијанската вeра ниту дава цeлата јаснo сo збoрoви да сe излoжи, ниту, пак, уштe пoмалку, самo сo читањe да сe разбeрe. При излагањeтo на христијанската вeра нeoпхoдeн e и примeр на излoжувачoт, а при разбирањeтo и усвoјувањeтo, oсвeн читањe, пoтрeбнo e и вeжбањe на читачoт. Кoга патријархoт Фoтиј ги прoчитал збoрoвитe на Маркo Пoдвижник за духoвниoт живoт, тoј кај писатeлoт забeлeжал извeсна нeјаснoтија, за кoја тoј мудрo вeли дeка “нe прoизлeгува oд тeмнината на излагањeтo, туку oд тoа штo вистинитe oвдe излoжeни пoдoбрo сe сфаќаат сo пoсрeдствo на вeжбањe (oткoлку сo пoсрeдствo на збoрoви), и нe мoжат да сe oбјаснат самo сo збoрoви… И oва, дoдава гoлeмиoт патријарх, нe e случај самo кај oвиe бeсeди, ниту самo кај oвoј eдинствeн маж, туку кај ситe кoи сe пoтрудилe да ги излoжат пoдвижничкитe закoни, страсти и упатства штo пoдoбрo сe разбираат oд самoтo дeлувањe (вeжбањe)”.

 

 

 

 

 

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов
Календар, житија, пости
Почеток
 
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сe до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

Тропар
Пророче и Претечо на пришествието Христово, не умееме достојно да те пофалиме, ние што со љубов те почитуваме, бидејќи со твоето чесно и славно раѓање се разреши неплодството на онаа што роди, и немоста на таткото, и на светот му се проповеда воплотувањето на Синот Божји.

Кондак
Порано неплодната, денес го раѓа Христовиот Претеча, и тој е исполнувањето на сите пророштва. Во (реката) Јордан, тој ја положи раката врз Оној што Го навестуваа пророците; се јави пророкот на Божјото Слово, истовремено проповедник и претеча.