Храм Св. Петка- с.Побожје(скопско)



 На денот кога светата Православна Црква го празнува споменот на  преподобната маченичка Параскева, парохискиот свештеник  Звонко Аговски отслужи Божествена Литургија во храмот Св. Петка во село Побожје, скопско.




 
Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.


 

 


Преподобната маченичка Параскева    

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и и ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.
 

 
По Литургијата
 


По Светата Литургија, се направи празничен Водосвет и прекрши славскиот колач.

 
Љубезните мештани во чест и слава на денешната светителка се собраа на заедничката трпеза на која поставиа дарови за гостите. Секоја домаќинка принесе славска пченица и месено лепче како и најразновидни благи и солени работи.

 
Забележително голема  е нивната гостољубивост и отвореност за дијалог и дружење.

 
пп