Главната структура на истиот ја сочинуваат: голем вовед – „Молитвата како израз на нашата љубов кон Бога и кон луѓето“, утрински молитви, вечерни молитви, Акатист кон Пресвета Богородица и други вообичаени молитви.Молитвеникот, наскоро, ќе биде достапен во храмовите и во манастирите низ Скопската епархија, но и надвор од неа.
Цената на новите книги изнесува:
„Старец Јосиф Исихаст“ 400 денари;
„Мојот живот со старец Јосих Исихаст“ 400 денари;
„Свети Нектариј Егински“ 400 денари;
„Давидов Псалтир“ 350 денари.
На 15.2.2024 година, во денот посветен на Сретението Господово, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Златоустова Литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет, а потоа, според традицијата, беше закроено и лозјето.
Започна со работа црковно-информативниот портал „Литургија.мк“. Истиот ќе ги опфаќа следниве содржини: новости од МПЦ – ОА и од православниот свет, разни соопштенија поврзани со нашата Црква и, воедно, приказ на современи текстови, ставови и поуки за православната вера.
Сајтот може да го посетите на следниов линк:
https://liturgija.mk/