Одговара:П.П.


 Прашање од Весна: Почитувани,
Ве молам да ми разјаесните една дилема.
Имено, имам успешен бизнис и доаѓаат луѓе кој постојано ми бараат пари за разни нивни потреби да им давам. Дали како добра христијанка, должна сум да им давам или е доволно тоа што давам прилози за изградба на цркви и манастири?
Напомнувам дека лихварка која дава заеми за камати и која зема гаранции не сакам да бидам но луѓето претеруваат.Што да правам?
Благодарам

 

 

Одровор:

Во врска со Вашата дилема  посоветувајте се вашиот парохијски свештеник, а најдобро за вашиот духовен раст е да одберете духовен Отец.

 Едно од најголемите зла кои што демонот ги посади во црквата се делењето по народи и националности и таму произлезе мое – твое, наше – ваше, а Он тоа го забранил кажувајќи дека нема ни Елин ни Јудеец, ни роб ни слободен, туку сè во сè е Христос.
Светителите канонизирани не се помесни светители, туку се сеправославни и нивното величание е во целата вселена, над сите народи, над целиот род човечки.

 

 

Одговара: П.П.


 Прашање од Кате: Здраво, Да Ве пофалам за вашата веб страна која дава добри информации. Сакам да ве замолам за услуга или информација:Каде би можела да ја најдам иконата на св. Злата Мегленска, до колку ја имате би сакала да ја добијам.


Однапред благодарам
Кате


Прашање од Елизабета:

Каде да најдам акатист за здравје на нечија душа?

Bogorodica.st.jpg

Одговор:

Акатистот е најпрво поздрав, радост и пофалба на Пресвета Богородица. Тој прв акатист кој се вика Благовештенски, е состав на непознат химник, настанал некаде кон крајот на шестиот или во почетокот на седмиот век. Прв пат неговата употреба е забележана за време на византискиот цар Ираклиј и патријархот Сергиј, кога Цариград бил под опсада на Авар и персискиот цар Херзеј, и со чудо Божјо по молитвите на Богородица е спасен од опсадата. И тогаш (8 август 626 г), сиот народ и пеел химна на /мајката Божја и Логосот, цела ноќ.

Од тогаш се именува и Акатист (неседален), и за време на неговото читање се стои. Со својата убавина и складност, акатистот на Пресвета Богородица послужил да се напишат и многу други акатисти посветени на другите Божји угодници, па така ние денеска имаме акатист речиси на секој светител.

Како одговор на вашето прашање кој акатист да се чита за здравје, би ви ги препорачале акатистите на светите бесребреници Козма и Дамјан, Пантелејмонј, св. Харалампиј,  св. ап. Лука,  кои и за време на својот живот со својата служба и Божја помош мнозина ги лекувале, и на св. Харалампиј и св. Наум Охридски кои се особено познати по лекуванјето на немоќните и душевно и телесно. Се разбира и секојдневниот акатист на Пресвета Богородица (Благовештенски) според кој се направени сите други. Фала Му на Бога, сега Акатистите ги има и со македонски превод во издание на манастирот посветен на св. Атанасиј Велики во Журче, а може да се набави од повеќе манастири и црковни продавници во Македонија. Господи помилуј!

 п.п/з.д.

Друго:



Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 

 


 agatangel.povardarska1.jpg

 Прашање од Благоја:

 Каде и на кои линкови може да се најдат вистинските упатства во врска со крштевање на новороденче според нашита православна Македонска Црква. Благодарам.

Krstevka.Veles.jpg

Одговор:
Светата Тајна Крштение, е единствена и не може да биде ни јота поразлична во ниедна православна Црква, затоа што тука станува збор за Дар од Бога, догма откриена од Него, соблекување на стариот човек и облекување во Него. Како што се вели и во химната при Светото Крштевање: Вие што во Христа се крстивте во Христа се облековте. Алилуија! Така да, може да се послужите со било која книга или линк од соседните православни Цркви. Чинот на Крштението е ист и за децата и за возрасните. Катихуменот (огласениот) трикратно се потопува во водата , при тоа свештеникот изговарајќи  ја формулата:„Се крштева чедото Божјо (името), во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!"


Инаку еве еден македонски православен линк
http://preminportal.com.mk/content/view/2521/94/ кој зборува накратко за Светата Тајна Крштение.

  п.п/з.д.

 

Друго:

Pimen.Jan.jpg

 ...Дали сум крстен правилно?