Поради краткоста на оваа молитва, човекот може полесно да се собере во зборовите на молитвата и да остане во неа. Плодовите кои ги дава Бог преку оваа молитва, до сега се многупати засведочени од многу светители, од св. Апостол Павел до св. Јосиф Спилеот, а сведоштвото и натаму продолжува во Црквата Христова, која е народот.
Молитвата Оче наш е вметната во секое молитвено правило, но заради должината, човекот повеќе се расејува, и затоа не се употребува толку

Одговор:

Секако дека нашиот ум зависи од состојбата на срцето, ако срцето е чисто од страстите, умот ќе биде просветлен, но бидејќи ние ништо не можеме да направиме без содејство на Христовата благодат, за да се воспостави таа природна состојба на човекот дадена ни е молитвата 

 Ако е понекогаш, тоа е период што минува, не е мрзливост туку некој празнина што треба да се надополни, а најдобро со молитва. Добро е што ги завршуваме обврските и кога сме новолни, тоа е знак на зрелост, и така треба, работата да не трпи, Т. Е. луѓето околу нас.

 Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста.

Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески


 Човекот Бог го создаде како слободно разумно битие кое донесува одлуки со својата слободна волја , но и ги сноси последиците од својот избор, значи има одговорност и дава отчет  за секоја постапка во неговиот  живот. Човекот кој се оддалечил од Бога заради својата наклонетост кон светската суета заличува  на мало дете ..