Одговара: П.П:


Прашање од Јованка:
 Дали е нормално еден духовен отец кога сакаш да му се повериш , да разговара со мене во ходникот притоа брзајки фатен за кваката да оди,а јас му кажувам за толку чуствителна тема од мојот живот,ј ас го замислував мојот прв разговор  со духовен отец сосема поинаку.Ве молам ако може да ми одговорите ?

IvicaTodorov

 

 

 

 

 

 

 

Одговара: Презвитер Ивица Тодоров

ПРАШАЊЕ: Дали за време на Литургијата е дозволено да се палат свеќи во црквата?

ОДГОВОР: Погледнато од аспект на севкупното предание на Црквата палењето на свеќи за време на Лиургијата, кое е секогаш пропратено и со лична молитва од оној што ја пали свеќата, нема свое посериозно богословско објаснување. Па, ако бидиме и искрени нема ни своја историска и литургиска поткрепа. Самата Литургија - како заедничко дело на Народот Божји - во себе ја содржи смислата сите кои учествуваат на неа да се слеат во една молитва, во едно благодарење и славење на Троединиот Бог, Отецот и Синот и Светиот Дух, а како кулминација од сето тоа да се причестат со Телото и Крвта на нашиот воскреснат Спасител.

Личната молитва за свои потреби, пропратена со палењето на свеќата во храмот како симбол на Божествената вистина и љубов (светлината од свеќата ја симболизира - вистината, а топлината - љубовта), има смисла само надвор од Литургијата, но за жал, поради сериозното отстапување од автентичното литургиско предание во современиот живот на Црквата оваа пракса е скоро секаде присатна, и самата по себе не преставува некој проблем. Радува фактот, дека секаде каде што служебното свештенство (епископ - презвитери - ѓакони) заедно со Народот Божји, се враќаат на атентичното литургиско предание на Црквата таму сите неоправдани историски “наноси” се чистат преку еден природен, и во Духот Свет , благословен начин.

 

Одговара: П.П:

Прашање од В...

Гледајќи како се живее денес,  доагам до заклучок дека лугето повеке се тргнати кон исцелители , бајачи , гледачи и се што е надвор од христијанството , а сепак сите се нарекуваат христијани, не е мое да судам него прашањето ми е како човек да се заштити од оние магиски влијанија кои ги им , кои лугето ги прават да наштетат еден на друг одејќи по овие гледачи , магоничари оџи и кој знае уште по што само да му наштетат на некој, тоа ми е познато слушајчи од пријатели , дали има во христијанството некаков лек против тоа , како што читав за старец Јосиф Ватопедски во вашето списание, поздрав