Прашање од Савче

Прашање: Кога одам на Литургија често пати вниманието ми се одвлекува, се нервирам кога луѓето зборуваат место да слушаат и почнувам да судам: како можат вака и ред други работи. Се покајувам кога ќе ми текне што правам. Дали во тие моменти сум достојна да останам во Храмот и како да ги одбегнам овие напади?

 

Просфората e ранохристијанска традиција која потекнува од првиот век. Таа е специјален леб кој е печен и принесен на Црквата и се подготвува зa светото заедничарење(причестување). Зборот просфора значи нешто што се принесува, или бескрвна жртва која ја симболизира Крсната жртва на нашиот Господ Исус Христос.

 





Прашање од Н.

Нашата  сестра,  е многу  нервозна, караниците  се секојдневна појава. Не ги почитува нашите родители и лоши зборови упатува до нив. Распарвиите се секојдневна појава во односите со неа. Ве молиме, за сугестии, како да го решиме проблемот со неа.

Одговор:


Одговорот на сите наши  прашања и проблеми ни е во Бога. Најлошо е кога ќе имаме проблеми во семејството, но за жал ѓаволот не мирува, и токму во деновите кога треба да Му се посветиме барем малку на Бога следуваат искушенијата... Од ваша страна единствената помош што можете да ја дадете е молитвената  поддршка и морална поткрепа на вашата мајка, но сепак мора да внимавате да избегнувате секаква кавга со сестра ви, за да не се почувствува дека е осудена од сите како негативец во куќата. Децата најчесто си ги сфаќаат грешките. Некогаш малку подоцна, но доколку има некој кој се моли за нив сигурно ќе се освестат еден ден. Вашата Мајка најмногу ја повредува недостатокот на љубов од својата ќерка, па затоа вие мора да ја поткрепувате со вашата, и да внимавате да не олади нејзината љубов кон неа... Бог да ве укрепи во љубовта и молитвата едни за други... амин!