К
ултот во ранохристијанскиот период претставува спонтано почитување на жртвите за Христовата вера и се изразува преку нивно јавно народно почитување. Во македонската христијанската традиција многу почитуван е култот на светите 15 Тивериополски свештеномачеици.

Податоци за нив добивме од "Житието на светите Петнесет Тивериополски свештеномаченици", напишано од охридсиот архиепископ, Теофилакт Охридски (крај на XI век-почеток на XII век). Тие се спомнуваат и во Охридското глаголско евангелие од крајот на X и почетoкот на XI век.

Страдањата на четворица од Тивериополските маченици Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор започнале во Никеја, Мала Азија. Тие биле прогонувани од страна на римскиот цар, Јулијан Апостата (Отпадник) (361-363), кој вршел прогонување христијаните и враќање на паганската традиција. Поради тоа, тие пребегале од Никеја во Солун, па во Тивериопол, денешна Струмица. Во Тивериопол им се придружиле другите единаесет маченици (презвитерите - Петар, Јован, Сергиј, Теодор и Никифор; ѓнаконите - Василиј и Тома; монасите - Еротеј, Даниил и Харитон; и војникот Сократ). Тие го ширеле христијанството и поради тоа биле погубени од страна на Валент и Филип, Јулијанови началници во Солун, на 28 ноември 362 г. стар стил (11 декември нов стил). Нивните тела биле погребани во доцно-античката некропола, во оделени ковчези и со натписот над нив. Најстар објект овде е ранохристијанската базилика, која била трикорабна и подигната во V век, чиј под е украсен со полихромен мозаик на кој е претставен крст. Таа била подигната врз гробовите на св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Најверојатно во VI  век, во времето на Јустија Јустијан (527-565) бил изграден крстовиден рам мартиуриум, врз рушевините од базиликата, но овој храм ќе биде уништен за време на аваро – словенската инвазија (крај на VI - почеток на VII век). Во времето на бугарскиот кнез, Борис (852 - 889) била изградена нова крстовидна црква врз рушевините на стариот храм, каде е пронајдена најстарата фреска во Македонија со портретот на св. 15 Тивериополски свештеноченици. Во Брегалница била изградена катедрална црква, каде биле пренесени моштите на Тимотеј, Комасиј, Евсевиј на 28 август во времето на кнезот Борис (852-889). Во времето на бугарскиот цар, Симеон (893- 927) биле пренесени и моштите на Теодор и Сократ. Значи, биле пренесени моштите  на четворицата маченици од, Никеја и војникот Сократ, што укажува на тоа дека месното население ги дале миштите на мачениците, кои не биле од струмичкиот крај, а ги задржале моштите на мачениците, кои потекнувале од овој крај.

Раката на Петар била однесена како реликвија во Солун, а денес се наоѓа во Кукуш.


Храмот се споменува и во Грамотата на српскиот крал, Стефан Душан од 1348 - 1352 г. со кој се подарува на манастирот "Св. Архангел Михаил и Гаврил" кај Призрен. Крстовидната црква била разрушена, во османлискиот период, за да во 1972 г. ф пронајдат нејзините темили. Во 1921 г. била изградена мала капела; а во 1974 г. била подигната нова црква, посветена на св. 15 Тивериополски свештеномаченици. Светите 15 Тивериополски свештеномаченици на градот Струмица, со одлука на Општина Струмица од 1997 година.



  Посети: {moshits}