СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки)

Слово прво


На нашиот Господ Исус Христос Му беше угодно да го одбележи крајот на телесниот човечки живот на Својата Пречиста Мајка како голем настан во историјата на Црвата па дури и во историјата на светот.
Светата Црква го чествува Успението на Пресвета Богородица со двонеделен пост кој е рамен по строгост со Великиот Пост.
Вие ги помните длабоко вознемирувачките за нас зборови на нашиот Господ Исус Христос кој ги изговори висејќи на Крстот обраќајќи се: „Жено, ете Ти син!’’(Јован 19:26) и свртувајќи го погледот кон Својот сакан ученик Јован: „Ете ти мајка!’’(Јован 19:27).
И до Својата смрт Пресвета Богородица живееше со Својот именуван син Јован, а во големата горна соба во неговиот дом се изврши великото Нејзино Успение.
Таа лежеше на смртната постеа, над главата И‘ блескаше со небесна светлина рајска гранка која архангел Гаврил И‘ Ја принесе на Пресвета Богородица, непосредно три дена до Нејзината смрт. Во близина на смртната постела седеше Нејзиниот именуван син Апостол Јован и ги следеше Нејзините тивки воздишки.
Одеднаш, горната прострија на Богородица стана небо: беше исполнета со облаци, на кои чудесно беа принесени светите Апостоли, проповедајќи во сите краишта на тогашниот земен свет. Со последната воздишка на Богородица, рајското гранче згасна и само погребните свеќи продолжија да горат...


Тогаш се случи чудо: со цела низа ангели Се симна од небесата кон постелата на Својата Пречиста Мајка по плот, Самиот Господ и Бог наш Исус Христос, за да Ја прими Нејзината света душа. Со Неа и со низата ангели Он повторно се вознесе на небото – останаа само Апостолите.
Тие ги пееја погребните песни, го покадија телото со темјан и подигнувајќи го Нејзиниот одар на нивните раменици, го однесоа во Гетсиманската градина каде што требаше да се погребе Богородица. Го поставија телото на починатата во камена гробница, вдлабната во карпата и ја затворија со голем плочест камен.
По Божјо уредување, Апостол Тома кој проповедаше во далечната Индија, на третиот ден после погребението на Пречистата беше доведен на облак во Ерусалим. Во големата гора тој ги праша Апостолите да му кажат каде е гробот на Пресвета Богородица. Го одведоа во Гетсиманија, го тргнаа каменот кој ја покриваше гробницата и со воодушевување увидоа дека е празна.
Но, можеше ли да биде поинаку?!! Би можел ли нашиот Господ Исус Христос да дозволи телото на Најсветите Свети, Пречистиот Храм Спасов да биде подложен на разложување и распаѓање исто како и телата на сите грешници? О, не, се разбира не! Самата помисла за ова е неподнослива за нас.
Ние православните го прифаќаме непроменливото предание на Црквата за воскресение и вознесение на Пресвета Богородица на Небесата.
Кај нас постои и материјално сведоштво за длабоката древност и вистинитост на тоа црковно предание. Во шпанскиот град Сарагоса, во црквата Света Енграција се чува досега камен саркофаг, на кое што е врежана слика на вознесението на Небото на Пресвета Богородица. Тој саркофаг стои во Сарагоса од првата половина на IV век после Раѓањето Христово. На некои древни руски икони наоѓаме јасни траги од верата на нашите дамнешни предци со Вознесението на Богородица.


Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.
Нејзината смрт не беше иста како смртта на сите луѓе, за кои се пее во вториот Антифон на Литургијата: „Излегува духот негов и тој се враќа во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли’’(Псалм 145:4).


Во моментот на смртта кај сите луѓе се прекинуваат сите функции на телото и душата и се губат сите врски со земниот живот. Останува само вечниот живот на духот, ослободен од врската со телото и душата. Ова не се случи со смртта на Божјата Мајка. Само за некое време Нејзината свесност избледе и Нејзиното дишење запре, но сите функции на Нејзиното свето тело само се променија. Засекогаш исчезна потребата за сон, храна и пиење. Започна ангелски живот, но духовната врска со земниот свет не се прекина. Вистината е кажана во празничниот тропар: „...Светот не го остави Богородице...’’ Таа е наша вечна молитвеничка пред Бога, со Своето посредништво нé спасува од вечна смрт – Застапничка ревносна на родот христијански.
Да Ја љубиме и чествуваме со сето срце како заедничка Претставничка за сите нас смирени и грешни пред Нејзиниот Божествен Син, нашиот Господ Исус Христос. Нему слава и сила со Безпочетниот Отец и Пресветиот Дух.
Амин.
1958 г.

 

Подготви:

Снежана Корнет

 

 

Друго:

Пештерната црква на Свети Павле во Неа Фокеа, Халкидики (13.07.2019)

СТАРЕЦ КЛЕОПА: Што ќе ни кажете за верниците кои доаѓаат во манастирите

Свети Јован Златоуст: Ти не гледаш што имаш добиено од Бог, а што - од демонот...

Свети Јован Кронштатски: Учете да се молите

Свети Јован Кронштатски: Без самоприсилување на добро нема да се спасиш

 

 sv.J.Krstitel.otsecuv.jpg

Пресвета Богородица, често одела во Маслиновата Гора, од која нашиот Господ се вознел на небесата, и преклонувајќи ги колената таа ги целивала стапките Христови, кои биле врежани на каменот од Неговите пресвети нозе. И со многу солзи таа го молела својот Син и Бог да ја земе при Себе: зашто таа, неспоредливо повеќе отколку, светиот апостол Павле, сакала да се ослободи од телото и да биде со Христа и често ги повторувала Давидовите зборови:

"Кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе (Пс 41, 2-3); кога ќе го видам мојот мил Син; кога ќе отидам при Него, Кој седи од десната страна на Бога Отецот? Кога ќе седнам до престолот на Неговата слава? Кога ќе се наситам гледајќи го Неговото лице? О преслатки Сине мој и Боже!

Време е да го исполниш Сион со својата милост; време е да се смилуваш на мене, Твојата Мајка, која во тажната долина на овој свет тагува, не гледајќи го Твоето лице; изведи ја од телото, како од темница, мојата душа; зашто, како што срната се стреми кон потоците, така и душата моја се стреми кон Тебе, Боже, да се наситам кога ќе ми се јави Твојата слава."

 пп

 'Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството,
а по своето успение не си го оставила светот,
туку си се преселила во животот,
Мајко на Животот,
и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души."