логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba.

Како одат работите... (22.11.2020 14:30)

Ѓаволот, полека но сигурно, го гради апокалиптичниот свет на илузијата. За таа цел најчесто ги користи таканаречените јавни личности или разни селебрити, како медиуми, односно преносители на неговата илузија, кои станаа урнек според кој целиот свет се сообразува. Колку поголема слава или позиција има јавната личност во овој свет и колку повеќе е оддалечена од Богочовекот Исус Христос, толку е поголема веројатноста дека демонот ќе ја искористи како свој медиум. Техничката поддршка за сето ова е овозможена од развојот на науката, посебно од областа на современите електронски, интернет телекомуникации...

Улогата на човекот – демонски медиум, е да дејствува директно на страстите (славољубие, среброљубие и сластољубие), да ги разбуди, а посебно да ја активира страста на славољубието од која луѓето се и така заробени, да ги убеди да ги задоволат своите страсти и од нивниот живот да направи уште поголема илузија. Состојбата на илузија, пак, од своја страна, уште повеќе ги буди страстите во човекот и затоа е така лесно приемчива и општоприфатена од безличните маси. Но, општество засновано само на страсти е општество на поделби, на конфликти, на непријателства, на војни – со еден збор: општество на незадоволени страсти.

Истото се случува и во областа на јавните црковни комуникации и односи, каде што демонот сака да го прошири своето влијание. Токму затоа и религиозниот социопат – демонскиот медиум, има постојана потреба да е во јавен судир, во конфликт со нешто големо и познато (Црква – Свет Синод), или со некој кој е голем и познат (Епископ), за самиот да стане голем и познат. И, има постојана потреба големиот и познатиот да го оцрни за себеси да се прослави. Религиозниот социопат има потреба да се наметне како битен фактор на влијание во Црквата. Оттаму и појавата на разните познати и „анонимни“ страни, групи и профили на социјалните мрежи кои сакаат да привлечат внимание и да предизвикаат поделби и конфликти.

Но, што точно се случува со нас кога ќе прифатиме демонска помисла на непријателство кон некого со кого лично комуницираме? Ајде малку да се вратиме на нашето лично и реално ниво на доживување на нештата. Кога за некој човек донесуваме осудувачки заклучок, само врз основа на еден негов збор, или поглед, или најмал гест, или дело, или наше внатрешно непријатно чувство кон него, или помисла, тогаш демонот успеал од еден негов неконстантен или имагинарен дел да произведе во нас константен и целовит заклучок, суд, односно слика, што е секако прелест, то ест илузија на непријателство во однос на конкретниот човек. Оваа илузија потоа го одредува целиот наш душевен пад и конечно го попречува нашиот премин од противприроден (религиозна невроза или растројство на личноста) во природен начин на живот.

Сето погоре опишано демонскиот медиум сака да го постигне со ширење на својата илузија на злоба и преку електронските медиуми, во виртуелниот интернет простор, за човек или луѓе што воопшто не ги познаваме. Зарем не е глупавост да носиш каков било заклучок за човек што воопшто не си го ни сретнал во својот живот, а камоли лош? Гледаш ли како прифаќањето на демонската виртуелно создадена илузија те заглупува и те држи во противприроден начин на живот?

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од Црквата, од христијанскиот идентитет: поистоветувањето со државата, поистоветувањето со нацијата и поистоветувањето со политичките партии. Ова поистоветување многу му помага на демонот да ја наметне својата илузија. Полесно го сметаш за непријател оној што не е жител на твојата држава, што не е припадник на твојата нација, што не е член на твојата партија, како и оној што на својот христијански идентитет му дава првенство пред твојата главна самоидентификација (http://mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7289).

Нашиот проблем е што за разбивање на илузијата на злото ни треба да се појави Вистината, односно носител на Вистината, односно личност – партиципиент во Вистината и медиум на Вистината, т.е. пастир кој, со својата појава во сила, ја разбива илузијата и носи трезвеност и покајание меѓу луѓето, а таквите се реткост.

Но, таму каде што ќе се појават вистинските пастири, илузијата исчезнува како темнината од светлината, се случува духовното прогледување, како и можност за здобивање со плодовите на Светиот Дух: љубовта [кон сите], радоста, мирот, долготрпеливоста, добрината, милоста, верата, кротоста, воздржливоста (Гал. 5, 22–23), како и единството и заемното помагање. Против носителите на овие дарови нема „закон“ или световна и демонска сила.

Во одредена мера сѐ е илузија додека сте на првиот степен од духовниот раст (очистување на срцето од страстите), освен словото на духовникот. Внимавајте, не реков дека не е илузија вашиот однос кон духовниот отец, туку дека не е илузија само неговото слово кон вас. Односот ви е душевен, а тоа убаво се гледа – сликички од духовникот со дечиња, со птички, со животинки и патетични коментари на Фб.

Што треба да направиме за да се спасиме од оваа општа, гревовна и демонска состојба наречена прелест, односно илузија, откако ќе бидеме заробени од неа, под услов навреме да се освестиме и да ја забележиме; и без оглед во која сфера од нашето постоење ја доживуваме (биолошка, душевна, „духовна“)?

Исповедта пред духовниот отец – поврзана со аскетско покајание, плач и послушание, најчесто целосно ја обессилува илузијата, зашто го отвораме срцето, т.е. го откриваме местото од каде што илузијата дејствува и се откажуваме од неа, за истото повторно да биде заземено од Божјата благодат. Не изумувајте, илузија и Причест не одат заедно...

Пресвета Богородице, спаси нас!



Митрополит Струмички Наум

 
http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7348
 
    
    

 
    



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6401
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная