Aleksandar.N.sv.Haralampij

Прославуваме, како што знаете, денес, втора недела на постите, слава на светиот Григориј Палама, архиепископ Солунски, чудотворец. Црквата денес ни определи да се извршува споменот на светиот Григориј Палама, како денес да е втора Недела на Православието – зашто светиот Григориј од 14 век – светогорец на почетокот монах и еромонах, и потоа архиепископ Солунски – ги зацврсти Православната вера, Православната вистина и Православниот живот.

Многу големо е значењето на свети Григориј Палама за запазување, како што кажав на Православната вера и Православниот живот. Три се главните карактеристики на учењето на свети Григориј Палама со кое се утврди вистината на Црквата ни.

    Првиот момент е дека човекот, Христијанин, е возможно во својот живот да го прими искуството на Благодатта Божја.

Зашто западните, еретиците, како Варлаам што доаѓаше од запад и беше филозоф и не беше Православен, ја порекнуваа оваа вистина и велеа дека Христијаниниот не може да го прими искуството на Благодатта Божја. Велеа дека човекот само умствено, со умот и со знаењето, со филозофијата можи да се приближи на Бога.

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со Православната вистина, дека Христијанинот не само со умот, туку со целото негово битие може да го прими искуството на Благодатта Божја.

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Бога имено, не е за него нешто што се размислува, туку нешто што се живее. Штом Бог е Троичен, Еден Бог во Три Лица, човекот може да има една многу личносна врска со Бога. И воедно кога ја има оваа личносна врска, може Бога да Го восприеми и да Го чувствува и да зборува со Него во срцето си и да Го гледа. Секако може да Го гледа, како што учениците го видоа Господа горе на гората на Преображението, кога целосно засветли „како сонцето“ и одеждите Негови постанаа „бели како светлината“, како што се сеќавате од раскажувањето во Евангелието за преобразениот Господ. Тоа е Несоздадената Светлина, тоа е славата на Бога која што благочестивите и свети луѓе од сите векови ја гледаа и ја гледаат. И светиот Григориј ја имаше видено славата на Бога, ја имаше видено Несоздадената Светлина, која што е дејство на Бога – не е суштина на Бога – и затоа можеше да потврди, дека Бог за нас Православните, не е нешто надворешно од животот наш, но дека Бог можеме  да Го доприме, можеме да Го живееме, да собеседиме со Него, можеме да Го видиме, кога сепак ги имаме духовните очи отворени, здрави и чисти.

   Вториот следен момент кој што го потенцира светиот Григориј Палама е дека за да може човекот да го прими тоа искуство на Благодатта Божја, треба да ги очисти очите на душата, да се очисти себеси од страстите. Зашто колку што е полн со страстите, различните страсти кои што се сите рожби на гордоста и себељубието, нема чисти очи и неможе да Го види Бога.

Тоа е она што го кажа Господ наш во Блаженствата: „Блажени се чистите по срце оти тие ќе Го видат Бога.“(Мат.4,8) Треба имено, подвиг на покајание, подвиг на очистување од страстите, за да може човекот да го очисти виделото на душата негова, очите на душата негова, за да може да Го види Бога. Без тој подвиг, никој неможе да Го види и да Го восприеми или да собеседи со Бога!

   И третото коешто ни го кажа свети Григориј е дека освен подвигот на покајанието и очистувањето од страстите, потребна е и молитвата, зашто тогаш – во часот на молитвата – човекот собеседи со Бога и го стекнува опитот за Бога. И кога велиме молитва, не мислиме на некоја брза или една вообичаена молитва, таа не прави скоро ништо. Мислиме една молитва срдечна, умна молитва, една молитва кога целиот човек, умот и срцето му, се облекуваат во Бога. Непрестајна молитва, чиста молитва. Во таа молитва човекот го согледува Бога, Го гледа Бога. Тоа го гледаме при случката на Преображенито, кога се качува Господ на гората Тавор. Се искачи, вели Евангелистот, да се помоли. (Лк. 5,28) И во часот кога се молеше се случи Преображението Негово и се покажа славата на Пресвета Троица. Имено ние, браќа мои, ние Православните Христијани сме привилегирани, зашто имајќи ја вистинската вера, можеме да имаме една толку жива врска со Бога, да разговараме со Него, да го примиме искуството на Несоздадените енергии на Бога, да Го гледаме Бога. И природно, под еден непремостив услов: Дека сме внатре во Црквата, дека заедничариме со Светите Тајни. Како да Го види некој Христос без исповед, без покајание, без Света Причест? Како да Го види некој Христа, ако Го нема во него Христа? Го земаме Христа на Светата Причест, за да Го восприемиме Христа и за да Го видиме Христа. И нека не рече некој дека „овие се зборови, коишто не се случуваат денес“, или дека „се случуваа во старите времиња, а денес не се случуваат“. Не, браќа мои. И денес се случуваат! Се разбира светиот Григориј беше боговидец, тоа што го кажа го живееше.

(продолжува)

 Aleksandar.N.sv.Haralampij

моштите на Светиот Григориј Палама, архиепископ Солунски


 

Превод: сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/za-vtorata-nedela-na-postite-na-sveti-grigorij-palama-starec-georgij-kapsanis/

 

2ри април 2021 лето Господово