16-та недела по Педесетница
Преп. Теодора Александриска, Преп. Силуан Атонски

Aleksandar.Nestorovski.n

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!!! Амин!

Браќа и сестри во Христа!
              Преку денешнава парабола, Христос не поучува дека секој од нас е создаден од Бога со уникатна убавина, различна од другиот до нас. На секој од нас Бог ни дарил разнообразни божествени дарови, според кои се разликуваме еден од друг поради кои секој од нас има различен и подеднакво уникатен однос кон Господ Исус Христос, како личност со Личност. Таквиот наш однос, не се базира на големината на даровите кои ни се дадени, туку на нашиот напор кој ќе го вложиме за нивно умножување и преумножување.
Како што Бог, не дарувал со различни дарови, така и бара од нас различен напор во умножувањето на истите, но никако не очекува да ги пасивизираме, односно да не ги искористиме за време на овој живот и да не бидеме креатори на дела добри, угодни на ближните, а преку нив и на Него Самиот - нашиот Создател.
           Апостол Павле вели дека во Царството Небесно "ѕвездата се разликува од ѕвездата по сјај" (1. Кор. 15:41). Имено, Праведниците по однос на исполнувањето на Божјите заповеди, можеби и се слични еден на друг, како војници облечени во исти униформи, но сепак се потполно различни во својот изграден индивидуален личносен однос со Бог, преку умножувањето на своите таланти во Слава Негова.
          Кај Бог нема никаква дискриминација во распоредот на талантите. Односно Он на секого од нас ни дава согласно нашиот позив во светов и согласно нашите сили, ни грам помалку ни грам повеќе. Затоа и светиот апостол Павле, во своето послание до Римјаните вели: Ама ти, човеку, кој си, та спориш со Бога? Творението зар ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме наnравил такво? Или, пак, грнчарот - нема ли право над глината, од едно и исто месиво да направи еден сад за честење, а друг за нечесна употреба? (Рим. 9,20-21)
           Исто така и не треба да се фалиме и превознесуваме со она со што Бог не дарувал, зашто како што вели старецот Софрониј Сахаров: никогаш не треба да се споредуваме со другите околу нас! Зашто: Секој од нас, колку и да е малечок во овој свет, голем е пред Вечниот Бог. Затоа, ајде постојано да му благодариме на нашиот Бог за се она што ни го дал и тоа со умножување на нашите добри дела, а преку искористувањето на даровите кои ни се дадени и тоа за слава Негова. Господи Исусе Христе по мопитвите на св.Теодора Апександриска и св.Силуан Атонски., чии спомени го празнуваме на денешниов ден, ПОМИЛУЈ НЕ И СПАСИ НЕ. Амин!

 Aleksandar.Nestorovski.n1

 Aleksandar.Nestorovski.n2

Друго: