Проповед на втор ден Велигден 2010 г, во Мпцо ,,св.Наум Охридски ,,-Виена од отец Душко Пецов


Христос Воскресна –Навистина Воскресна Возљубени празникопљупци, Имали нешто поубаво од тоа да тагата ја замениме со радост ,злото со добро и омразата со љубов?Има ли нешто по посебно од денешниот ден ,ден создаден кога се радува и небесната и земната црква ? Ако Христос не Воскреснеше напразна ке беше нашата проповед,и се она кое го имаме во нашиот православен свет ке беше без смисла .Денес е денот кога се покажува смислата на човечкото постоење денес е денот кој ни ја дава смислата за иднината. Постои ли поголема радост на овие простори на 1000 км од нашата татковина да можеме слободно на нашиот мајчин јазик да си го честитаме најголемиот празник Велигден на ,на јазикот на нашите предци И слободно да се поздравуваме не плашејки се од никого изговарајки –Христос воскресна. Маките и гоненијата се својствени за Македонскиот народ но ние секогаш сме издржувале до крај и ке издржиме и во иднина. Гледајки ве вака во голем број со насмеани лица се радувам И јас со вас овде во овој храм и се радувам зошто ви ја знам големата мака што сте ја имале за да дојдете до ова место за да можете да имате свој сопствен простор И да оформите своја црква.Секој дар од вас брака и сестри е добредојден секоја помош е темел на иднината и со тоа оставате белег за идните поколенија да се радуваат и да се веселат спомнувајки ве вас како вредни родители . За прв пат во овој град на сопствена земја се слави празникот Велигден ,за прв пат слободата не ни е ограничена и имаме доволно време за да се дружиме еден со друг и да ја негуваме нашата македонска традиција. Со високо кренати глави да му заблагодариме на Христа воскресантиот кој ни го дарува ова се околу нас ,да му се поклониме до земјата И да му побараме сила за да продолжиме и да издржиме до крај, како би имале уште поубави моменти на радост во овојсвет и сечесен храм . Воскресението Христово е темел на нашето верување на нашата надеш и на нашето верување. Нашата вера не е празна ,и се она кое ние го негуваме како православни христијани има смисла.Верувајте мили мои, дека Бог на сите нас ни се дава исто ,само од нас зависи колку ние ке го прифатиме и колку ке го примиме во нас. Во православниот свет нема двосмисленост, туку е или- да или -не ,нема ништо измегу ,не можеме ние да се пазариме за нашата вера ,не можеме да бараме нешто што ке ни одговара или пак нешто што нема да ни одговара.Се што направи Бог за нас направи од љубов И со слободна воља. И маките што ги претрпе Нашиот Господ ги претрпе како човек. Пример за тоа ни е и ова велигденско јајце кое офарбано црвено ја симболизира крвта Христова ,а вака како што е сварено и како што не се мешаат белката и жолчката така и Господ живеејки на земјата не ги мешал една со друга двете природи што ги имал-човечанската И божанската. Тоа се догми –вистини на православното учење И не можеме ние да ги менуваме,и не можеме ние да си играме со нив. И едно кое треба секогаш да го запметиме мили мои, е дека нема пазарење со верата . Како што ни ја дале нашите свети отци така треба и ние да ја одддржуваме во иднина и да ја негуваме. Црквата е општество на луѓе соединети со една вера И со едно богослужение И свети тајни.Без Црквата која нашиот Спасител ,Господ Исус Христос ја плати со својата Пречиста крв – нема христијанство.Таа е местото каде што сите сме еднакви без разлика на пол и на возраст ,без разлика дали сме сиромашни или богати,таа е местото каде владее љубовта И хармонијата .А ние овде сега драги мои брака И сестри во оваа црква посветена на свети Наум,црква која е под раководство на Македонската Православна Црква посебно да се радуваме И веселиме оти иако не сме сакани од нашите соседи И непризнаети од православниот свет достојно го почитуваме Бога и него го исповедаме. И вие овде кои сте сите под овој покрив ,без разлика дали сте во управниот одбор или не сте без разлика дали некои сте дале поголема сума на пари или помала за овој храм ,верувајте дека Бог сите ве сака И на сите ке ви дари само убави работи,на сите ке ви дари берикет,мир,слога И љубов ,но ако тоа искрено го барате. И еден совет од мене, иако од повекето сум помлад ,одете и барајте ги своите ближни со кои не живеете со кои сте скарани и иако сте постари побарајте им прошка,и од денеска до крајот на вашиот живот заедно славете го Бога воскресантиот.Само единството и слогата можат да ви донесат убави моменти во животот и заедно ке постигнете уште повеке. На ова место сплотени како брака верувајте мило му е И на нашиот заштитник свети Наум чие и име го носи оваа црква ,и ако искрено го молиме, ке ни дарува се она што ке го побараме со вера и со чисто срце. Црквата е нашата учителка на патот кон Бога. Надвор од црквата нема спасение и не барајте ништо надвор од црквата ,бидете верни на својата црква, почитувајте ги свештените лица и Бог ке ви ги преумножи сите ваши добра,бидете со тврда вера, имајте љубов и сакајте се еден со друг ,оти нема ништо сокриено што нема да се открие ,ниту тајно што нема да се дознае(мт10,26)