Свештениците и црквата
 
Свештенството на Црквате се труди никој од Божјите синови да не биде во раздор во себе  и  да не се одделува од заедницата и од љубовта Христова. Никој не се спасува надвор од Црквата ма колку и да сака да мисли дека во него пребива Духот на Христа.
Да го осудуваш свештеникот е нешто најлесно  и најбезсмислено.Да бидеме правични: службата на свештеникот е света, нивниот дар е од Бога,и  е свет.
Нормално се случува да нивната земска природа понекогаш не доведе до соблазна но пак ќе спомнам да бидеме правични, тие не можеле да се родат поинаку отколку како што се сега . Во овој свет кога нагоните се плеткаат како змии, и страстите ги гризат како црви , сигурно дека и тие нема да бидат поштедени. Виното е исто за секого и  прекумерната употреба може на секого да му го збрка патот.Околу свештениците ќе настане темнина и  голем глад но не за храна туку глад за Божјата наука, глад за лебот Небесен.
Постои еден непријателски дух, кој го помрачува умот на поедини луѓе, ги подига против свештеницитеи  им дава до знаење дека не треба да се слушаат свештениците, затоа што и  тие имаат гревови.
Исус Христос немаше ни еден грев , па пак беа малку тие што Го слушаа и одеа по Неговите заповеди.
Постои магичен круг, во кој се заплетуваат душите на многумина, премногу луѓе  кои одлутуваат од Бога. Ваквите луѓе поради извесни мотиви не сакаат да ги слушаат свештениците. Како последица на тоа станувајки непослушни во учењето на православната вера и животот во Бога си го расипуваат умот со своето мудрување. На тој начин нуркаат во гревовите поради непослушност, и човекот се помрачува спрема вистината почнува да не учествува во  неа. Има и такви кои со текот на времето ќе увидат дека живеат во лутање,и  сакајки да се оттргнат тоа тешко им оди а непријателот се посилен станува  тешко ги испушта од своите окови.
Она што некогаш беше Ноевата арка(брод) над брановите на потопот тоа е Црквата Христова над налетите на непријателот.Разликата е во тоа што Ноевата арка Бог ја затворил од надвор и  никој не можел да влезе(1 Мој7.16),додека Христова-арката со крстот на јарболот-има отворен влез и можат да влезат уште многу луѓе опфатени од бурата на невистината и лагата.Таму бил Ное, тука Христос, а во брановите –убијците повлекувајки ги луѓето.Меѓутоа се случува нешто необјасливо:оние кои се мачат во брановите , иако сите се трудат да живеат,не сакат сите да се спасат во арката.Уште полошо е што плукаат на рацете што им се подаваат на влезот во арката.А  рацете се Седумте Свети Тајни Божји, кои ги избавуваат луѓето од потопот раѓајки ги од тело во Дух, од јадниот живот кон Небесниот.
Браќа и сестри слушајте ја Црквата,бидејки кој ги слуша нејзините свештеници,такви какви се, Бог го слуша.
 
ПРЕВЕДЕНО ОД СПИСИТЕ НА ОТЕЦ АРСЕНИЈ(БОКА)
РОМАНИЈА УПОКОЕН 1989Г.

Подготви: отец Душко Пецов-св.Петка –Истибања