Гостољубието Авраамово

 

Благочестиво предание за потеклото на дрвото на крстот

 drvoto na krstot

Трите ангели, на кои им укажа гостољубие Авраам, како икона на Света Троица, заминувајќи божем „ги заборавија“ нивните бастуми, покрај Мамврискиот даб.

Нив ги употребуваше Сара како дрва за во огнот, но гореа без да изгорат до крај, па затоа таа ги фрли велејќи „проклети дрва не горат“.

Кога се опијани Лот падна во грев со неговите ќерки, па откако се освести отиде кај неговиот стрико Авраам и го исповедаше пред него злото коешто се случи.

Тој, пак, му рече: „Голем е твојот грев, чедо; затоа, земи ги овие три подгорени дрва (т.е. дрвата што ги фрли Сара) и насади ги во она место и донесувај им вода од Јордан за да ги наводнуваш: ако никнат, тоа е знак дека Бог го примил твоето покајание и ти го простил гревот.

Лот направи така и носеше вода од Јордан, којшто беше оддалечен еден ден одење. Но ѓаволот, преправен некогаш како преморен жеден патник, некогаш како болен старец, а некогаш како сиромашна и несреќна жена, му ја пиеше водата уште по патот. Бог се сожали на него и еднаш ја избегна таа средба и само еднаш ги навади дрвата, коишто никнаа и се соединија во едно трослојно дрво, составено од бор, кедар и кипарис. Тоа место се наоѓа внатре, во храмот на манастирот на Крстот во предградието на Ерусалим.

По речиси илјада години (1015-975 пред Христа) кога требаше Соломон да го гради Храмот и сите луѓе и сета природа придонесуваа во неговата изградба, беше исечено и ова дрво за таа цел.

Но кога требаше да се употреби, каде и да го ставеа, секогаш беше или кратко или долго и најпосле го фрлија како неупотребливо во еден агол нарекувајќи го „проклето дрво“.

А кога Јудеите трчаа и бараа дрво за да Го распнат Господа, прирака им се најде ова дрво, кое беше соодветно, и од него беше изделкан крстот Христов.

Токму ова проклето дрво потоа се преобрази во благословеното Крсно Дрво и клетвата се претвори во благослов и спасение преку нашиот Господ Кој беше прикован на него.

 

Превод од новогрчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Наслов на изворникот:

Το ξύλον του σταυρού

www.pigizois.net

Извор: АМВОН

 

Друго:



Андреј Рубљов - Икона на СВЕТА ТРОИЦА

Кое е значењето на трите ангела кај иконата на Света Троица од Андреј Рубљов?

 Избрани икони
 
Најпознатата икона на Рубљов ги изобразува трите ангели кои ги посетиле Авраам и Сара; трите ангели се сметаат за старозаветен изобраз на Пресвета Троица. Овој настан е единствен мотив каде е дозволено да се изобрази Бог Отецот.


sv.Troica.Rubljov.jpg

 

  Постои огромно толкување на таа икона, но главно за ангелите е ова: Ангелот што сои најлево и кон кого другите два ангела се наклонети, го претставува Бог Отец, и бојата на Неговата облека е недефинирана,затоа што Отецот никој никогаш не го видел. Ангелот што стои во средината е Бог Словото и го благословува Агнецот, Кој ни го предава за простување на гревовите и живот на светот. Облеката што ја носи е половина сина, половина кафеава, што пак ги символизира двете природи на Господ Исус Христос - божествената и човечката. А третиот Ангел, што стои најдесно Го претставува Светиот Дух и Неговата облека има зелена боја затоа што Тој е кој дава живот. А четвртото место на трпезата кое е празно е за нас (човекот) ;)

п.п/з.д

Друго:

Преподобен Андреј Рубљов

Одговори на Вашите прашања