3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 Во рајот нема да одиме со вратоврска. Ги гледате светителите? Кој отиде со неговата човечка мудрост во рајот? Еден без глава, друг без раце, трет без нозе, сиромашни, наклеветени, болни… Тесен е патот кој оди кон широчината на рајот, како што вели пророкот Давид: „Во маката моја дај ми простор“ (Псал. 4,1).

Среде притеснувањата на тагите ќе се прошириме и ќе расцвета нашето срце од вечна радост. Да не бараме едно паметно, неистуткано, дипломирано христијанство, сметајќи ги сите оние прости и презрени како „луди на светот“, како сељаци и селани, кои не можат да застанат до славата на Христа. Бидејќи овие први ќе го видат лицето Божјо. „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен“ (Мат. 18,10).

Се сеќавам, во 1980 година престојуваше на Света Гора еден лаик, многу смирен и незабележлив. Пред да се упокои се удостои да стане монах со име Агапиј. Оваа небесна птица беше презирана од секоја човечка слава и уважување, заборавена од овој свет.

Кога потоа ослепе и оглуве, каква топла богољубов добивавме кога го посетувавме, новиот калуѓер! И бидејќи не можеше ниту да гледа ниту да слуша, му ја земавме раката и на неа со прстот му го пишувавме почетокот од нашето име.

„Ааа, отец Онуфриј, ти си? Биди благословен!

Но си заминувавме како „духовна печка“ од кај него, лудиот на овој свет. Толку голема полза добивавме, како да сме отишле кај светиот Пајсиј.

„Светогорски разговори, отец Дионисиј Тамбакис“.

 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Извор: http://amvon.mk/2018/01/vo-rajot-machen/