3.angeli.so.truba

 

ДУХОВНИ ПОУКИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ ОТЦИ

3.angeli.so.truba


3.angeli.so.truba  „Зошто луѓето учат преку болка и страдање, а не преку удобност и среќа? Многу едноставно, затоа што преку удобност и среќа човекот се навикнува да биде задоволен со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го принудуваат човекот да бара подлабока среќа, која ја надминува овој свет “.- Свети Серафим Роуз

3.angeli.so.truba "Тежнееме да го оценуваме и судиме човекот според претпоставениот или вистински сторениот грев, повеќе отколку да го вреднуваме според покајанието. Ако таквиот суд за кој било човек ни е конечен, тоа е сигурен знак дека немаме опит на покајание... Ние најчесто функционираме така што заклучокот за самите себе го извлекуваме од нашите добри дела, а заклучокот за нашиот ближен го извлекуваме од неговите лоши дела. Настрана тоа што нашиот заклучок е најчесто субјективен и се заснова на нашите страсти – оние страсти што постојат во нас, ги препознаваме и кај другиот". - Митрополит Струмички Наум

 3.angeli.so.trubaУбавината не е во „совршеното“ и „беспрекорното“. Животот е добар затоа што не е „совршен“. Овој свет е разубавен од страдањата. Небото е допрено од плачот, Бог е распнат на крст. Без сите нив, животот би бил грд, без боја и вкус, во лагата на своето „совршенство“. Страдалниците и „грешниците“ го исполнуваат светот со убавина и светост. Без нив, уметноста е сирак, книги без автори, дела без зборови, црно-бели слики и, пред сè,  биографии без светци". - о. Харалампиј Пападопулос


3.angeli.so.truba "Заробени сме од гордост, од високо мислење за самите себе, од мнение. Во неговата лажна светлина го гледаме туѓиот грев, му судиме и го осудуваме нашиот ближен и не знаеме да простиме. Тврдината на нашето срце е одамна освоена. Гревовните чувства и помисли со тежина на дело, предизвикани од повреда на гордоста, а поради заробеноста, слободно го опседнуваат срцето, без да имаме можност веднаш да ги провериме и да ги препознаеме. Нашиот двиг кон Бог е значително попречен…" - Митрополит Струмички Наум


3.angeli.so.truba "Лесно е да ги поправaте другите, да мавтате со „заканувачки“ прст кон нив. Лесно е да демнете за да забележите и осудите. Лесно е, но не и корисно за душата. Ние не влеговме во овој живот за да станеме мака за другите, дури и ако тоа е некогаш „за нивно добро“, како што многу пати сме кажале. Поентата е да станете мелем, а не тортура за другите". - о.Павел Пападопулос

3.angeli.so.truba "Секогаш кога ќе заборавиме дека главната борба ни е против самите себе, против сопствената суета и голема идеја за самите себе и против демонот поврзан со тоа, и кога ќе ја насочимеб орбата против човек, почнуваме да губиме. Правилната духовна борба не предизвикува стрес:да не им враќаме со зло дело за злото на луѓето (инструменти на демонот), да се смируваме пред нив, односно да не им вратиме ниту со зла мисла,а камоли со зол збор, и да се молиме за нив. Навистина, нема тука многу место за стрес". - Митрополит Струмички Наум


3.angeli.so.truba "Повеќето искушенија најчесто ги создаваме самите ние, кога се доведуваме себеси во зависност од другите, односно, кога сакаме себеси да се воздигнеме. Никој нема да се искачи на небото со воздигнување во овој свет, туку со духовна понизност. Оној кој ниско оди, оди со сигурност и никогаш не паѓа". - Старец Паисиј


3.angeli.so.truba "Времето поминува, тоа што останува станува сѐ поскапоцено, не е дозволиво да се губи на секаков разговор и со секаков човек; мислам – некомпетентен или, пак, деструктивен. Некои луѓе, за чудо, посебно се расположени да дебатираат за проблеми кои, најчесто несвесно, со својот живот и ги предизвикуваат". - Митрополит Струмички  Наум

3.angeli.so.truba  „Не е можно, сè додека сме полни со себе, да се сеќаваме на Бога, ниту да го почитуваме другиот човек. Ова е она што го вели еврејската народна изрека: „Нема место за Бог во оној кој е полн со самиот себе”.  Гордоста не дозволува да ја согледаме целата длабочина на нашето незнаење и нашата огорчена празнина, бидејќи само таквиот увид почнува да нè учи на нашата душевна и духовна сиромаштија; овој увид е ризичен - затоа го избегнуваме - затоа што нè води кон очај или резигнација  и доживотен агностички скептицизам “. - Владета Јеротиќ

3.angeli.so.truba "Ако требаше да одржам само една проповед, тоа ќе беше проповед против гордоста. Колку подолго живеам и го набљудувам животот околу мене, а особено однесувањето на современите луѓе во посебни околности, толку повеќе сум убеден во валидноста на старото религиозно учење дека целото зло започна со тоа што се посегна по одредено првенство, кога самото Небо испука како огледало, од еден арогантен потсмев.
Најчудното нешто во врска со ова учење е тоа што најчесто се разбива во теорија, додека е широко прифатено во пракса. На современите луѓе им се чини дека поимот гордост е бесконечно далечен од нив, и ако ја имаме предвид нејзината теолошка формулација, тоа е сосема така. Сепак, во суштина, гордоста им е бесконечно блиска и можеби затоа тие не можат да ја забележат. Гордоста целосно проникна во нивниот ум, морал и нагон, станувајќи неотуѓив дел од нивната личност; тие дејствуваат во согласност со тоа дури и пред да се сетат на тоа. Нема идеја во светот што теоретски им е толку туѓа, а во својата суштина им е толку сродна." - Г.Честертон

 

3.angeli.so.truba

За Преминпортал

подготвил Симеон Стефковски

 

22ри декември 2020 лето Господово