TViTer710

Бог ќе ни суди не зашто не сме направиле чудеса, туку затоа што дозволивме нашите срца да се скаменат
  
             Прашањето што законикот му го поставува на Господ Исус Христос во денешното Свето Евангелие не може да го остави рамнодушен ниту еден христијанин. „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?“Господ му одговара: „Што е напишано во законот? Што читаш таму?“ Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“. Господ му одговори: „„Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“

           Законикот бил изненаден кога сфатил дека сам си одговорил на своето прашање. И тогаш прашал: „А кој е мојот ближен?“ А Господ му одговорил со следнава парабола:
„Еден човек, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна. Еден, пак, Самарјанин, кој патува¬ше, кога дојде до него, го виде и се со¬жали. И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ Господ го прашал законикот: Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?“ А тој одговори: „Оној што му искажа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“

TViTer708
            Се покажува дека на прашањето како да наследиме вечен живот, Господ го дава наједноставниот и најјасен одговор: „Бидете милостиви. Најдете сочувство во вашето срце. Најдете место во вашето срце за секој човек на кого сте му потребни“.
           Законикот сакал да знае кого, според Божјиот план, треба да го смета за свој ближен.Господ го врти прашањето и одговара дека нашиот ближен е тој на кого сме му потребни. Мора да излеземе да го „пресретнеме“ ближниот, да поитаме кај оној на кој му е потребна помош. Не, при оној што самите го избираме, туку при оној што ни се обраќа за помош.
            Господ не само што одговара на прашањето на книжникот, туку и Самиот дава пример за милосрдие. Некои од светите отци на Александриската школа ја толкуваат оваа парабола како парабола за изградбата на домот на нашето спасение, објаснувајќи од што се состои Христовото дело. Самиот Бог се воплотил и дошол при човештвото - рането, смртно унакажано од демонот, беспомошно и напуштено. Дојде да му ги залечи раните, да го оживее и да му даде вечен живот.

TViTer709
           Целото Евангелие зборува за оваа милост кон човекот, за Божјата грижа за човекот. Свети Исак Сирин вели: „Што значи милосрдно срце? Тоа е горење на срцето на подвижникот за целото создание: за животните, и за влекачите, и за непријателите на Вистината и за демоните. Тој се моли за целото создание, да се смилува Господ и тоа да не загине. И не може да поднесе ни најмала повреда на созданието, но со солзи постојано се моли на Господа да го прифати секое негово создание, да го оживее, да му даде живот и спасение. (Свети Исак Сирин, Слово 48.)
           Оваа идеја на свети Исак Сирин е потврдена и со параболата за Страшниот суд (види Мат. 25:31-46.). Господ вели дека ќе ни биде судено не затоа што не сме биле богослови, не затоа што не сме направиле чуда, туку затоа што дозволивме нашите срца да се скаменат, да станат недостапни за туѓите страдања, да го изгубиме сочувството за туѓата несреќа. Тој вели: „Она што не го направивте за најмалиот од Моите браќа, не го направивте за Мене“. Значењето на параболата за Страшниот суд е исто што и значењето на параболата за добриот Самарјанин: биди милостив. Разбуди го своето срце за сочувство, за грижа за ближниот, за да не се скамениш, да не се претвориш во камен што не може да се прероди и да влезе во вечниот живот.
             И во оваа парабола Господ ги повторува истите зборови: „Правете и вие така. Бидете милостиви. И Бог ќе ве помилува на Страшниот суд “.
Амин.

TViTer707
Прот. Павел Аделхајм
Извор - hristianstvo.bg
За Преминпортал - Симеон Стефковски