TViTer783

Нова година

Секоја Нова година предизвикува еуфорични чувства кај најголемиот број луѓе. Еуфоријата како одраз на нова надеж дека работите ќе бидат подоби. Но, останува мистерија зошто овој празник мнозинството го празнува со таква радост кога знаеме дека со одминувањето на старата година сите се доближуваме до најголемата тага - смртта.

Во раното детство и длабоката старост, приближувањето на Новата година го чувствуваме едноставно физички. Новата година е особено топол празник за сите луѓе - таа е како пролет среде зима и сите се чувствуваат празнично, а злото како да се оддалечува. Колку и да се лоши околностите за човекот, во него се буди надеж, непознато од каде, дека чудото може да се случи и дека доброто ќе победи. Во деновите пред Нова Година, човек како да лета помалку. Што означува оваа поезија и од каде ова чувство на обнова, како секој од нас да се подмладува и да не старее за уште една година?
           Така, животот ни се скратува за уште една година и можеби следната година ќе биде последна година од животот за некој од нас. Животот ни се скратува за уште една година, но за уште една година сме поблиску до Вечноста. Еве ја загатката на овој празник.
            Можеби младоста очекува уште блескави новитети од земните дарови, но зрелоста знае дека сè се повторува. Она што било, ќе биде; тоа што се правело,тоа и ќе се прави и „нема ништо ново под сонцето“.
На земјата има заморно повторување, но со секоја година се приближуваме до таа вечно нова, бесконечна новина, која е од Бога и Вечноста. Дури и во војна, под бомби, во смртна опасност, луѓето не можат а да не ја дочекаат Новата година. „Сакам да ја доживеам барем Новата година“, вели безнадежно болниот, за да ја почувствувам таа предновогодишна леснотија и радост. Новата година е празник за сите луѓе. Бесмртната душа на секој човек, која е христијанска по природа, дури и несвесно ја чувствува тајната - но само христијаните разбираат што значи тоа.
Новата година е како Божиќ за оние кои не знаат за Бога, а нам христијаните ни е дадено да видиме како вечноста влегува во времето, откривајќи го значењето на нашиот престој на земјата и вредноста на човечкиот живот во Христа Бога.
            Има толку многу тага и зло на нашата земја и знаеме дека во новата година не можеме да избегнеме нови беди. Но, што и да се случи - на Нова Година на сите им се нудат подароци, на сите им се дава нова можност. Во Новата година има еден вид блесок и секој човек се чини дека е озарен од невидливо сонце. Среќна Нова Година, многу среќа! Нека си оди сета грдотија и стара среќа затоа што беше премногу слаба и нека дојде нова радост!
Мрачно е на земјата, но она што за миг ги осветува сите луѓе и што гори во срцата на оние што го љубат Бога, е поголемо од она што е во светот. Во свет исполнет со очај, христијанинот живее во надеж, а бидејќи живее во надеж, може да ги победи сите искушенија. За христијанинот,  подоброто е секогаш  напред. Претстојат посебни искушенија, па Црквата ја благословува годината што доаѓа со Христовата победа над смртта.

Протоереј Александар Шаргунов / Извор prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски   

 (Обновено)

01.01.2023