TVIT1052sv.Jeronim1

                    Околу четири векови по раѓањето Христово, една вечер на Божик, блажениот Јероним отиде како поклоник да се поклони на местото каде што се роди Христос. Дојде во пештерата на Рождеството смирено и почна да се моли.

Самиот подоцна зборува за божествениот опит кој го имаше таму. Го слушна во видение слаткиот глас на Божественото Бебе, како му се обраќа и затрепери…

– Јерониме, што ќе ми принесеш денес, на денот од моето раѓање?

– О, Божествено Бебе, знаеш, дека за Тебе оставив сѐ… и владичкиот дворец, и величијата на Рим, и задоволствата и богатството… И во овој миг мојот ум, моето срце, моите мисли, па дури и мојот живот, сѐ ти припаѓа Тебе! Што друго би можел да Ти принесам? Немам веќе ништо друго… денес на Твојот роденден…

– Имаш, Јерониме, имаш нешто што си го заборавил и сакам денес да го положиш пред Моите нозе.

– Што е тоа, Небесен Цару, љубов на мојата љубов, душо на мојот живот, имам ли уште нешто да Ти дадам? Би бил толку беден, ако оставев нешто за себе! Кажи ми, пресладок Исусе, што би можел уште да Ти дадам?

По извесен молк се слушна гласот на Детето Исус, како му одговара:

– Јерониме, дај ми ги… твоите гревови!

– Моите гревови, Пресвет Боже? Што ќе им правиш на моите гревови?

– Јерониме, дај ми ги сите твоите гревови, за да ти ги простам сите.

И светиот старец се разлеа во солзи на трогнатост, среќа и љубов, и Му се поклони на Божественото Бебе.

 sv.Jeronim

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

 

https://crkvaveles.wordpress.com/2024/01/05/%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%9c%d0%b5-%d0%bc%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%81%d0%b5%d1%88-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d1%98%d0%be%d1%82-%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bd/

 07,01,2024