
Бог го сака оној што бев, оној што сум и оној што можам да станам
Колку филтри се потребни за да се скриеш од самиот себе?
Зошто толку страв од времето што минува над нашето тело?
Зошто толку голема грижа за брчките, промените и трагите што ги остава времето?
И зошто толку многу чувство на вина за грешките и лузните на нашата душа?
Можеби затоа што не се плашиме само од тоа што старееме.
Се плашиме дека стануваме видливи такви какви што навистина сме.
Затоа создаваме слики. Ги поправаме лицата, ги сокриваме годините, ги бришеме несовршеностите. И тоа не го правиме само на фотографиите. Го правиме и во животот.
Создаваме верзија од себе која е поприфатлива за другите, а понекогаш на крајот почнуваме да ѝ служиме на сопствената слика наместо да го живееме сопствениот живот.
Но, самоспознавањето не значи да откриеш некаков прекрасен човек скриен во себе. Значи да имаш храброст да се сретнеш со вистинскиот себе.
Со телото што старее.
Со изборите што не можат да се поправат.
Со слабостите со кои сè уште се бориш.
Со лузните што не исчезнале.
Потребни се толку многу болка и искушенија за да сфатиме дека само кога ќе го прифатиш она што е вистинско, можеш и да го преобразиш.
На крајот, духовната зрелост е токму тоа: да немаш потреба да го избришеш она што си го доживеал за да можеш да го сакаш она што си.
Бог не ја сака нашата обработена, разубавена верзија.
Тој го сака вистинскиот човек, а тој човек има слабости, страсти, грешки, недостатоци и пукнатини.
Бог го сака оној што бев, оној што сум и оној што можам да станам.
Отец Хараламбос Пападопулос
Подготви С. Стефковски
25.08.2026