Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: katerinaserafimova@yahoo.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

Арх. Софрониј-„За молитвата“


Кажувањето на саровскиот монах АЛЕКСАНДАР
  Korica.sv.SerafimS.jpg

 Монахот на Саровската пустина Александар ми ги раскажа мене и на многу други богољубиви личности следните три важни настана, што се случиле со него кај отец Серафим.
 Уште кога бев во светот, - кажуваше тој, - рацете и нозете ми беа болни од целосна олабавеност и малаксаност; особено се измачував од неиздржлива болка во едното уво. Колку и да се лекував, ништо не помагаше, само ми се зголе-муваше болката, така што во увото потоа ми се затна.
 На крајот ме посоветуваа да наминам во Саровската пустина, која не беше далеку од нас, и да замолам за помош и молитвите на отец Серафим.
 Со радост го исполнив тој совет: дојдов во Саров и, откако му се помолив на Бога, отидов кај отец Серафим.
 Само што влегов кај него и му паднав пред нозе, а тој, благословувајќи ме и не изговарајќи ни збор, се приближи до кандилото што гореше пред иконата на Божјата Мајка и, макајќи го прстот во маслото, се допре до моето уво и ми го намачка болното место. Истиот миг почувствував олеснување, а порано секој допир до болното уво ми беше неиздржлив; набрзо и секоја болка сосема престана.
 Но уште повеќе ме зачуди мојот чуден благодетел со она што ми го кажа: ,,Ти ќе бидеш наш,,. Иако сакав да стапам во монаштво, воопшто не се надевав да ме ослободат од крепосништво, затоа што немав застапници.
 Без обѕир на тоа, според верата во отец Серафим, кој веќе покажа и дар на прозорливост над мене, и дар на чудотворство, кога се вратив дома, дадов молба за ослободување и набрзо го добив, без потешкотии. Така стапив во Саровската пустина, благодарејќи на Господа, Мајката Божја и отец Серафим.  Кога стапив во манастир, поранешната малаксаност на мојата десна рака дотолку се засили, што не можев ниту да јадам, ниту да се крстам без помош или поддршка од левата рака.
  Во таква ситуација повторно отидов кај отец Серафим. Овој пат затекнав кај него еден непознат ѓакон; но, без обѕир што тука беше непознатиот, јас одма клекнав на колена пред него и замолив за неговите молитви и благослов.
 Старецот ме благослови многу милостиво и со радосно лице ми рече: ,,Помоли & се на Царицата Небесна и поклонии &  се три пати”.
 Истиот час, по послушание, се поклонав три пати пред иконата на Царицата Небесна.
 Тогаш старецот го зеде шишето со света вода и зеде да ми го подава во болната рака.
 Но јас му одговорив: ,,Баќушка, не можам да земам со таа рака; ме боли и сета е олабавена”.
 Тогаш Старецот ме зеде за болната рака и повторно подавајќи ми го шишето рече: ,,Земи и пиј!”
 Јас му се повинував, иако со голем труд, а Старецот ми ја поддржуваше болната рака.
 Кога се напив, тој ме благослови и ме испрати со мир во мојата ќелија. Оттогаш, благодарејќи му на Бога, по молитвите на отец Серафим, не чувствувам никаква мака во мојата рака.
 Сакајќи да се описменам, и покрај сите мои обиди, многу малку успевајќи во тоа, одлучив пак да се обратам до отец Серафим, кој веќе двапати ги покажа на мене своите благодатни дарови.
 Само што дојдов во ќелијата на Старецот и го предухитрив неговиот благослов со земен
поклон, тој ме праша: ,,Писмен си?”
 Избезумен од неговата прозорливост, јас одговорив: ,,Не, баќушка: само, сакам да се описменам, но ништо не можам да разберам и паѓам во очај”.
 Тогаш Старецот ме праша: ,,А кога се сее житото, и кога се жнее?” Кога му одговорив на тоа, тој заклучи: ,,Така и направи: почни и ќе се научиш,,. Со тие зборови ме благослови.
 Набргу сосема добро го разбрав читањето и пишувањето, и сега, по милоста Божја и по
молитвите на отец Серафим, слободно го читам Словото Божјо.

Избор од најновите книги на манастирот на св. Атанасиј Велики , с. Журче:

Извадок од кигата: „Свети Серафим Саровски“

 

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче