vozdvizenie.jpg


 Беседа 43

Кој без сомнение верува во Божјата промисла, не се оптеретува со тоа со каква смрт ќе заврши: од луѓето, од ѕверовите, или од глад, насред претешка работа или на некој друг начин; затоа што две смрти не може да има, а една никој не може да избегне.
Оној кој што еднаш, поради Божјото Царство, се потпрел на Бога и умрел за светот, нема повеќе да се грижи за тоа како ќе заврши.
Кој се надева на Бог, не се грижи повеќе за себе и било што да направи, во се ќе има корист за својата душа.
И нека знае дека предавајќи им се на невољите заради Бог, не секое место ќе пронајде спасение.
Божјата благодат ни се дава според нашата вера; за малку верба малку и се дава; со поголема верба ќе се удостоиме и со поголема благодат за трпењето.
Без Божјата промисла и без Неговииот план ништо не може да ни се случи. Бог од нас очекува само добра воља.
Но патиштата Божји се несфатливи; затоа е неопходно да ја спасуваш својата душа со трпење, и оној кој што ќе претрпи до крај ќе се спаси преку Исус Христос, нашиот Бог.

 Нека му е слава, сега секогаш и во сите векови. Амин.

 

Преподобни Пајсие Величковски
Од книгата „Полски кринови“

 

Подготви : Светлана Димовска