Датум: 27.08.2013, 14:08



(ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) „Дневник“ во манастирот во кој се чува главата на Свети Климент Охридски



Репортерската екипа на „Дневник“ деновиве претstојуваше во манастирот „Свети Јован Крстител“ во близина на грчкиот град Верија, во кој веќе околу 700 години се чува главата на големиот македонски светител и основоположник на МПЦ-ОА Свети Климент Охридски.

Благодарение на љубезноста на тамошните монаси ни беше дозволено да го видиме и да го фотографираме черепот кој се чува во посебна сребрена кутија и во позлатен оков. Фотографиите и видео-материјал се илустративно сведоштво за тоа како денеска се чувааат моштите на овој светител кој оставил длабока трага во македонската историја.

На сликите и видео-материјалот се гледа и изгледот на манастирот кој датира од 9-ти век, неговата внатрешност и опкружувањето. Познато е дека најголемито дел од моштите на Свети Климент Охридски денеска се чуваат во храмот на Плаошник во Охрид, а помали делови има и во Бугарија и во Рим.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 https://www.youtube.com/watch?v=fcMFWjGOtio&feature=youtu.be

Друго: