TViTer799


Ова е православниот манастир Христови искушенија на Планината на искушувањата, т.е. на планината на која ѓаволот го однел Христос за да Го искуша покажувајќи и ветувајќи Му ги сите земни царства ако му се поклони, кога Тој постел 40 дена.
Планината се издига над градот Јерихон, на 360m надморска височина и од нејзиниот врв има панорамски поглед на Јорданската долина, Мртвото море и планините на Моаб и Галаад.
За споредба, планината Тавор се наоѓа на 575m надморска височина, а највисоката планина на светот Монт Еверест е на 8,849m надморска височина, што значи Планината на искушувањата е 18 пати пониска од Монт Еверест, ама сепак Христос ги видел сите земни царства од тука.
Прекрасен манастир