Ликовите од Псково-Печерската обител

Свето-Успенскиот Псково-Печерски манастир бил основан пред повеќе од 500 години. За време на жестоките советски прогонувања во ХХ век, тој беше единствениот машки манастир на територијата на СССР, кој не беше затворен од  болшевиците. Благодарејќи на тоа, манастирот не само што ја сочува древната монашка традиција, но исто така во себе го собра и цветот на руското старчество. Во втората половина на XX век во овој манастир се подвизуваа сега веќе прославените во ликот на светиите еросхимонах Симеон (Желнин), архимандрит Јован (Крестјанкин), архимандрит Алимпиј (Воронов), схиархимандрит Агапиј (Агапов), схиигумен Сава (Остапенко), валаамските старци и многу други подвижници во благочестието.

Следат фотографии, кои ќе ви го стоплат срцето, подготвени од порталот www.pravoslavie.ru. Поголемиот дел од фотографиите се дело на Анатолиј Горјаинов.