13.08.2007-03.09.2007

Со благослов на неговото високо преподобие Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир Св.Јован Крстител, група  деца-негови духовни чеда, предводени од Весна Спасевска, беа дел од овогодинешното летно училиште за изучување на грчкиот јазик и култура во Авдира,место најблиско до градот Ксанти. Летно училиште со долга традиција од 11години, место на кое во минатото живееле и твореле едни од најистакнатите филозофи во историјата на човештвото,како: Питагора, Платон, Сократ, и др.


За сета организација и конципирање на програмата, беше заслужен професорот и филозоф Јоргос Павлос, во соработка со повеќе професори од различни области (јазик, драма, национални танци и ора, олимписки игри, музика, византиско пеење, како и уметничко цртање). Програмата се исполнуваше секој ден, освен недела и празници, започнуваше со час по грчки јазик и византиско пеење, кое беше еден од нашите најомилени предмети, благодарение на трудот и љубовта која ни беше пружена од страна на професорот Софоклис. 
letenkamp1.jpg
letenkamp3.jpg

Во Кавала Кампот


letenkamp4.jpg


Амфитеатарот во кампот
letenkamp5.jpg

Параклис


letenkamp6.jpg
Професор Јоргос Павлос                                                                                                   (лево)                                                                                                                                                                             

                                                                                                                                      
Часовите продолжуваа попладне со театар и национални грчки танци (ора).Вечерта претставуваше можност за секој од нас да се запознае со останатите деца од летниот камп, кои доаѓаа од различни земји низ светот: Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Русија, Молдавија, Романија, Унгарија, Германија, Чиле, Јордан, Египет, Грузија и Кина.Секоја недела ја посетувавме црквата Св. Пантелејмон во Авдира, каде на литургиите го кажувавме Символот на Верата на македонски јазик, а подоцна се запознавме и со свештеникот.

letenkamp7.jpg

Заедно со свештеникот

 

 

 

 

 

 

 

Света Литургија


letenkamp8.jpg

 

 Најголемата радост започна со посетата на игуменот на Светогорскиот манастир Ватопед, Архимандрит Ефрем, заедно со неколкумина монаси од истиот манастир (Нимфонт, Григориас...). Радоста продолжи со присуството на Светата Литургија во метохот на Ватопед, манастирот Св.Николаво Порто Лагос, каде се поклонивме на чудотворната икона на Мајката Божја  H PANTANASSA Царица на сите и на се). Браќата не примија со огромна љубов, а најголем дел од времето го поминавме со Отец Матеј, ватопедски монах.

Со светогорските монаси: Архимандрит Ефрем (во средина)   

    Отец Нимфонт (од лево ) и Отец Григориас (од десно)
letenkamp.jpg
letenkamp2.jpg

  Св.Никола (метохот на Ватопед)


letenkamp9.jpg
Со Отец Матеј во црквата

letenkamp13.jpg

H PANTANASSA



letenkamp10.jpg
letenkamp11.jpg

Иконата на Св. Јован Крстител


На празникот Отсекување на главата на св.Јован Крстител присуствувавме на Архиерејска Литургија во црквата Св.Јован Крстител  во Ксанти, каде служеше Епископот Ксантиски г-дин Пантелејмон во сослужение со повеќе владици и свештеници. Во црквата се поклонивме на светите мошти на Св. Георгиј. Посетата на градот заврши во црквата Св.Софија  каде се наоѓаше чудотворна икона на Мајката Божја, а подоцна посетивме уште една чудотворна икона на Богородица  во црквата Св.Никола во градот Кавала.

 


letenkamp12.jpg
Чудотворната икона на Мајката Божја

Наредниот ден, Епископот Ксантиски г-дин Пантелејмон, дојде во летното училиште и пред него се претставивме со повеќе византиски песни, заедно со професорот Софоклис.


letenkamp14.jpg
letenkamp15.jpg
Претставувањето со византиски песни

Престојот во летното училиште го завршивме со посетата на античкиот град Филипи, каде проповедал Св.Апостол Павле и е крстена првата жена македонка Лидија.Во амфитеатарот  кај Филипите , одигравме две антички драми Медеа и Вакхес.


letenkamp16.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ФИЛИПИ


По напуштањето на кампот , на 03.09.2007година, Премилостивиот наш Господ Исус Христос не удостои да го посетиме манастирот Св. Јован Богослов(Суроти) во Василика, каде се поклонивме на моштите на Св.Арсеније Кападокијски и на гробот на светиот старец Пајсиј Светогорец (1924 - 1994).Подоцна и сестрите во манастирот не послужија со кафе, вода и локум, токму како стариот обичај на старец Пајсије.
 
letenkamp17.jpg

Суроти (однадвор)
letenkamp18.jpg

Старец Пајсије


letenkamp19.jpg
Суроти (однатре)

 


letenkamp20.jpg

Гробот на Старец Пајсије

 

Фала му на Бога што позволи и благослови сето ова да го видиме и доживееме по Неговата преголема милост, бидејќи радоста и благодатта што Он ни ја дарува на различни начини, преку манастирите, монасите, светите мошти на светителите, се нешта кои минливиот обичен смртен човек ни со најголемиот свој труд, не може да ти ги подари, бидејќи Бог е единствен извор на љубов. Затоа, непрестано да се радуваме спомнувајќи го Неговото Пресвето Име, и да Му благодариме за се што ни дал, а најмногу за Светиот Дух кој го испрати на земјата да не крепи и дарува ВЕЧНА утеха.


 Славата Твоја е огромна и велелепна, Името Твое е вечно, најголемо и најпрославувано на небесата, меѓу ангелите, херувимите, серафимите и сите небески сили и на земјата, меѓу нас, на кои си ни ја подарил душата и си вдахнал во нас живот , за да бескрајно Те славиме со сите наши мисли и сетила, и секојдневно да се сеќаваме на она што Ти го стори за нас-РАСПЕТИЕТО, со кое не ослободи од смртта и ни дари нов живот. А  најголема од се, е Твојата милост на која сите се сеќаваме со огромна надеж дека во судниот ден, по неа нашите души како со небески крилја ќе прелетаат блиску, барем до прагот на Царството Небесно и ВЕЧНО ќе се зарадуваат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега секогаш и во сите векови.АМИН!

 

 

 

• Павлина Ангеловска
• Марија Пеева
• Марија Ангеловска
• Изабела
• Стојанче Андов
• Драган
• Марко Томиќ
• Мартин Ивановски

Посети: {moshits}