лого

 



Прашање: Православните, додека се прекрстуваат, прво го допираат десното, па левото рамо. Римо-католиците, пак, прават обратно: се прекрстуваат од лево надесно. Дали редоследот и страната се важни? Дали воопшто има некаква разлика?

Одговор: Точно, православните се крстат оддесно налево. Најпрво, да објасниме како треба да се прекрстуваме, како православни христијани. Ги спојуваме палецот, показалецот и средниот прст, додека малиот и домалиот прст ги прилепуваме до дланката. Првите три прста ја симболизираат нашата вера во Бог Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, а другите два прста на дланката – исповедањето дека Христос има две природи – дека е вистински Бог и вистински Човек. Потоа, со трите прста го допираме челото, па стомакот, изобразувајќи ја вертикалата на Крстот. Од стомакот, го допираме десното, па левото рамо, на тој начин изобразувајќи ја хоризонталата на Крстот.

Самиот чин на прекрстување, односно изобразување на Крстот е еден вид на прозба, молба за благослов Божји. Го следиме овој редослед, за да го одразиме давањето благослов од страна на свештеникот. Самиот свештеник, кога благословува, тоа го прави од лево надесно. Оттука, самите верници, за да го одразат свештеничкиот благослов, кој е благослов на Црквата, односно на Христа, истото го прават оддесно налево.

Бидејќи Господ во Библијата ги разделува овците од козите, поставувајќи го верното стадо од Неговата десна страна, а козите на левата, Црквата секогаш гледа на десната страна како на попосакувана. Затоа се крстиме само со десната рака. Оваа логика е отсликана и на други места: кога се кади Светиот престол во Олтарот, секогаш прво се кади десната страна; кадењето на иконостасот, но и на верниот народ, исто така секогаш почнува од десната страна. Свештеникот причестува со десната рака, дури и да е левак.

Католичката енциклопедија наведува дека и римо-католичката црква ја следела оваа практика до 16 век, кога своеволно ја променила. Непознати се причините зошто таа одлука била донесена токму тогаш.

На крај, дали е важно како се крстиме? Накратко: да. Ние немаме право своеволно да избираме кој дел од христијанското предание ќе го следиме. Нашите Отци, и многубројни светители се крстеле на овој начин. На древните икони се претставени Христос и светителите како благословуваат на овој начин. Зошто би сакале да го измениме ова?

Одговорот го напишал о. Александар Лебедев
Извор: Orthodoxi.net

Преземено од: Кумановско- осоговска епархија

TVITer270

п.п.2015-07-21 03:54:17