Bludniot.sin.detal.jpg

    Помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај му го делот што ми припаѓа од имотот!’
    Лука 15,12


Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен. Му се чинело непријатно да живее по правилата на неговиот татко и будното око на неговата мајка. Посакал да се угледа на неговите пријатели, кои целосно се предале на бучните задоволства на овој свет. „Јас сум наследник на богат имот. Нели би било подобро“, си мислел, „доколку го наследам имотот токму сега? Би можел да раководам со моето богатство поинаку од мојот татко.“ И така лекоумниот младич бил поведен од лажниот сјај на светските задоволства и решил да го отфрли јаремот на послушноста, оддалечувајќи се од родителскиот дом.

Зарем не се многумина инспирирани од слични пориви и денес, и макар што не го напуштаат родителскиот дом, зарем не се оддалечуваат од домот на нивниот Небесен Отец, односно, послушноста кон Светата Црква?

Јаремот Христов изгледа претежок за незрелите умови, а Неговите заповеди – мачни. Тие си мислат дека не е вистински важно да се чува она што Бог и Неговата Света Црква ни заповедала. За нив, се чини можно служењето на Бога и на светот истовремено. Тие велат: „Веќе сме доволно силни да ги издржиме уништувачките искушенија и соблазни. Можеме да се одржиме во вистината и за звучните учења самите. Успорете нè кон усовршување на нашите умови со здобивањето на разноврсни знаења. Дозволете ни да ја заврстиме нашата волја меѓу искушенијата и соблазните. Низ искуствата нашите сетила ќе бидат убедени во злата природа на порокот!“ Зарем се тие желби подобри од необмисленото барање на помладиот син кон татка си, ‘Татко, дај му го делот што ми припаѓа од имотот!’?

И така, лекомислениот син престанува да ги чува заповедите и советите на Светата Црква. Престанува да се поучува од Зборот Божји и учењата на светите отци, а внимателно ги слуша лажните учења на оние кои лажно се нарекуваат учители, и во овие интереси ги губи најдобрите часови на својот живот. Многу поретко оди в црква, а кога оди стои таму невнимателно, расеано. Не наоѓа можност да се посвети себеси на благоговејноста и да расте во добродетелите, затоа што го троши своето време посетувајќи претстави, јавни забави итн. Со еден збор, секој ден сè повеќе се предава на светот, и конечно, заминува во „далечна земја“.

Што е резултатот на ваквото оттуѓување од Светата Црква? Резултат е истиот тој како и на блудниот син кој го напушта родителскиот дом. Лекомислената младина многу брзо ги троши својата прекрасна енергија и талантите на душата и телото, уништувајќи ги во времето и вечноста сите добра кои ги има направено. Во меѓувреме, се појавува „силна глад во таа земја“: празнина и незадоволство – неизбежниот резултат на дивите задоволства. Се појавува жед за забава, која се засилува со задоволувањето на блудните страсти, и на крај станува незаситна. Често се случува несреќниот вљубеник на светот, со цел да си ги задоволи страстите, прибегнува кон ниски и срамни работи, кои не го вразумуваат, како во случајот со блудниот син, туку ја комплетираат неговата пропаст, како времена, така и вечна!

Свети Јован Шангајски 

Преземено од: Агапи