(Обновено)

 

(Извадоци од писмата на старецот Макариј)

Писмо бр. 11
Има грешници подобри од
праведници

„ ...Пред Бог е подобро да си грешник со покајание, отколку праведник со гордост (Лука 18,14). Дури некој да врши безброј добри дела и секакви добродетели, штом, мисли високо за себеси, тој е по лош и по беден од сите. Затоа, ве молам, да ги пазите срцата ваши од превознесувачки помисли, преку кои непријателот може да ве напаѓа. Кога ќе го исполните сето што ви е заповедано вам, речете ,Ние сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бевме должни да го извршиме' (Лука 17, 10). Припомнувајте си ги вашите гревови и сметајте се себеси за најпоследни од сите. Тогаш и Господ ќе ве запази!" (стр. 22-23).

Писмо бр. 15
За несоннцата

„ ...Таа ноќ (спроти Велики Петок) никако не спиев. Го прочитав само првото Евангелие и ислушав уште три и отидов во келијата. Мислев, дека ќе заспијам, но не можев. Од тоа чувствував замор. Но, не треба ли јас за ова да благодарам на Бога? Тој за нас трпел такви неподносливи страдања, маки и скрби, така што, во Гетсиманската градина, рекол: ,Смртно е нажалена Мојата душа' (Мт. 26, 38). Тоа не е од немоќ, а затоа што гревовите на целиот свет тежеле врз Него. Ние, пак, не сакаме за своите сопствени гревови да потрпиме барем малку тежина, и се повеќе бараме утешни чувства. И штом такви се појават, тогаш веќе, тајно се уверуваме во своето божемно достоинство". (стр. 28).

Apostolsko.drvo.Hristos

Писмо бр. 18
Каде да се сокриваме при
духовни бури

„ ...Не може да нема духовни бури и потреси. Но при бура секој трча да се сокрие негде, каде што ќе стигне, та дури и во најбедното и најскромното место. Така и вие, трчајте брзо да се сокриете во смирението и љубовта!" (стр. 37).

Писмо бр. 24
Не нашите ближни,
туку ние сме прнчина за нашите МАКИ

„ ...Да се надеваме дека Бог ќе ви помогне при борбата со невидливите духови, да не паднете и смирено да ги победувате. Каков и да е другиот, сметајте го за подобар од вас. Така ќе привикнете постепено да гледате на сите како на Ангели и сами ќе се успокоите. Но, доколку вашето самољубие Не се скротило, потребно е многу оган, за да го отстраните. Не мислете за другите, дека ви причинуваат маки. Не, тие извираат внатре во вас, а луѓето се само орудија, преку кои Бог дејствува за наше очистување во делото на спасението. За ова многу сум ви пишувал и говорел, а уште повеќе сте читале за тоа. – Помеѓу себе пазете го мирот како Божји дар, кој ви помага по патот кон вашето спасение. Не се фаќајте за ситници, не ги раздробувајте, не правете од зрнце песок планина. Љубовта нека го покрива, смирението да го зацврстува вашиот сојуз! Најништожниот случај ве уплашил, оти немате самоукор и љубов. Добро е, дека брзо минал, но не треба и малку време да го радуваме непријателот и во замена да добиваме од него духовен немир и мака!..." (стр. 46).

(продолжува)

 

Извор: ОПТИНСКИ СТАРЦИ

I том

Повардарска  епархија

„Св.Ѓорѓи Полошки“

Велес 2018

 

3-ти септември 2018 лето Господово

 

Друго:

Aja.Sofija6