Од ударите на железото се запалуваат и камењата, а телесниот камшик го образува срцето. Најлошо е да даваш клетва, и да сакаш клетва – и во двата случаи ја навредуваш правдата. Собирај богатство за вечниот век – сегашниот век мизерува дури и пред својот крај. Не се приврзувај кон среќа што се руши од времето – тоа, што времето го гради, времето и го разрушува. Непристојно е за жената да пројавува машки карактер – за жена со благ карактер, најголема пристојност е срамежливоста. Задоволството е краткотрајно – само што настапило и одлетало: како фрлен камен. Најголемо богатство за болниот е здравјето – тоа премудро го бара и природата. Зборовите на неразумниот маж се како пенлив морски бран – се удира од брегот, но не ги напојува растенијата на брегот. Поткупот ги принудува и мудреците, гледајќи да не ги видат – златото е таква мамка за луѓето, како што е мамката за птиците.

Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови. Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло. Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек. Загрижениот ум е молец, кој ги разјадува коските: телото цвета, кога се избегнуваат грижите. Ниедно преситување не може да биде целомудрено, зашто на огинот својствено му е да го изгорува материјалното!

Виното е потпалувач за вистинатата страст – распалителна материја, фрлена во огинот и го засилува пламенот. Грижи се секогаш за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Гневот не е безопасен советник за секој човек – што е претприемено во гнев, никогаш не е благоразумно. Гледајќи голи коски, ќе се убедиш, дека сè тукашно не ни припаѓа суштински. Ако малото ракче не врви напред, тогаш го зема за пример мајчиното чекорење.

Ако можеш да ја принудиш природата, несомнено и од лошите учители ќе произведеш добри ученици. Украсувај се со добри карактеристики во животот и никогаш не го презирај несреќниот сирак.

Кога Бог дава, зависта ништо не може да направи – а кога Бог не дава, не помага никаков труд. Уважувај го поредокот и претпочитај ја власта, зашто само таа е власт и постојан пазител на власта. Сонливиот човек е пронаоѓач на мечти, зашто сонот познава само признаци, но не и вистински нешта. Принудата убедува и против волјата – тогаш не ретко е силна да ги сврзе и рацете на џиновите. Кога народната толпа е во заблуда, секој започнува да вика и сè се обраќа во хаос. Неполезниот труд никогаш не го нарекувај работа – зашто сè неполезно е достојно за презир. И кучињата кои се собираат на мрша, го почитуваат поредокот. Преданите на брзопреодните блага во овој живот и сега можат да се насладуваат на мир – но… тоа не е завидно. Кога златото говори, тогаш сите други зборови се невистински – тоа умее да убедува, макар и да нема јазик!

 

Извор: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/25/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d1%81%d1%82/#more-4618