3.angeli.so.truba

Ако имате проблеми ... Одете на Литургија !

Еден човек, кој имаше многу проблеми, отиде кај свети Пајсиј Светогорец и му рече:
- Татко, имам вакви и такви проблеми, кажи ми што да правам?
Старецот го праша:
- Дали одиш на света Литургија?
- Јас не одам.
„Значи, ќе одиш секоја недела“.
- Добро, и што ќе ми кажеш за мојот проблем?
Тој сакаше да ја смени темата.
„Ќе го сториш тоа што ти го кажав и ќе видиш. Ќе одиш на света Литургија.
„Да, но ги имам проблемите за кои ти реков!
„Направи го тоа и ќе видиш!
Малку вознемирен ја напушти Света Гора, велејќи си : „Долго патував, за на крајот старецот Паисиј ми каже нешто што знам. Оди во црква! И што е ова? Требаше ли стариот Паисиј да ми кажеше? Но,ќе  направам како што ми рече" .

Тој почна да оди во црква и постепено се решаваа проблемите на неговото семејство и работата. Ова го изненади. По една и пол година виде дека многу работи му се променија и затоа повторно отиде на Света Гора, и тогаш старецот Паисиј го праша:

„Дали одиш во црква, како што ти реков?

„Одам, татко, и сето тоа е решено. И сакам да ми кажеш како се случи ова нешто?
Старецот му рече:

- Дете, кога одиш во црква, се помируваш со Бога и кога ќе го направиш тоа, зарем не разбираш дека Тој ќе ти ги даде сите благослови на Авраам? Пред да дојдеш кај мене, немаше добар однос со Бога и му се спротивставуваше, беше далеку од Него. Јас ти го кажав коренот на нештата - ако се смириш со Бога, сè друго, едно по едно, ќе се реши. Така работите беа решени.
Нашето спасение е едноставно, тоа е со нас, со нашиот дом, Црквата е со нас, не треба да патуваме.

Св. Паисиј Светогорец

 3.angeli.so.truba

💒➕💒 Еден ден дојде една   побожна жена и ме праша:

"Што да правам, татко? Јас сум неписмена и не знам молитви. Дали ќе се спасам без молитви?"

Јас и реков: "Зар воопшто не се молиш?

" Таа: „Да, се молам!“

Прашувам: „Па, како се молиш?“ И таа ми рече: "

Еве како се молам: кога ја бришам куќата, се молам на Бога: Боже, исчисти ја нечистотијата од мојата душа, како ја чистам оваа нечистотија од куќата и нека ти се допаѓа, како што сакам чиста куќа. И кога ја перам постелнината, исто така велам: Господи, измиј го злото од мојата душа, за да бидам чист колку што е чиста оваа постелнина. И така велам во сè, што и да правам. Дали е добро да го сторам тоа? "

Јас велам: "Жeивеј вака цел живот!" Ова  нека ти е постојаната молитва на умот. Секогаш, во сите околности, кога правиш нешто, чуствувај го присуството на Бога - и изврши ја својата работа, затоа што  ти можеш да го направиш тоа.➕


Преподобен Паисиј Светогорец.

 

 Избор од фб профил на

Snezana Todorova