3.angeli.so.truba

Секое тело ќе го види Божјото спасение
 
Бидејќи Крштението не е само богопознание, туку и обврска за преобразба и богоугодни дела, Христовиот Предвесник и Крстител не укажувал само на познанието на Бога, туку проповедал и покајание, барајќи достојни плодови на покајанието, односно праведност, милосрдие, скромност, љубов и вистина. Тој укажува и на тоа дека преземените обврски, доколку не ги следат дела, нема да бидат од полза, туку напротив, ќе го осудат човекот, затоа и ги посочува секирата и вечниот оган: „Секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Матеј 3, 10).
Господовиот Предвесник не поттикнувал само на почетокот од покајанието, што се изразува преку оддалечувањето од злото и ползата од смиреното срце, туку барал и достојни плодови на покајанието. Какви се тие плодови? Пред сѐ, тоа е исповедта: „Тогаш... доаѓаа кај него... исповедајќи ги своите гревови, и тој ги крштеваше“ (Матеј 3, 5-6). Освен тоа, тука се праведноста, давањето мислотина, умереноста, љубовта, вистината: „Никого не присилувајте, никого не клеветете... Кој има две облеки, нека му даде на оној кој нема; а кој има храна нека го прави истото“ (Лука 3, 14; 11). „Секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат“ (Лука 3, 5). Што сака да каже со овие зборови? Она истото што Господ јасно го разгласува: „Секој кој се воздигнува, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.“ (Лука 18, 14). „Кривините нека се исправат и нарамнините патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види Божјото спасение!“ (Лука 3, 5-6), вели Јован Крстителот. Кривините се: лагите, измамите и клеветите, а нерамнте патишта се: гневот, омразата, зависта и злопамтењето, односно, сѐ она што може да се поправи и избрише со делата на покајнието. На тој начин, „секое тело“, односно секој човек од секој народ и племе, кога ќе се исправи и поправи со покајанието, „ќе го види Божјото спасение!“.

BOGojavlenie1 


Св. Григориј Палама

 

 За Преминпортал подготви : Дејан Блажеси

 19ти јануари 2021 лето Господово