38.machenici1

"Ти си побожен човек. И сакаш да ги натераш своите блиски луѓе да веруваат и да бидат побожни како и ти. Мислиш дека така ќе успееш да направиш нешто? Само ќе предизвикаш штета. Принудата предизвикува отпор кај луѓето. Ти му велиш на човекот: направи го тоа, а тој не сака бидејќи ти му сугерираш така. Во него се подигнува бран на отпор и тој ќе ги игнорира твоите зборови. Меѓутоа, ако ближниот забележи дека и ти самиот правиш нешто, тогаш можеби и тој ќе го направи истото. Човекот те набљудува и размислува: „Ако тој го направи тоа и јас ќе го направам истото“.
Тивко моли се за сите. За целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес поминува низ криза.
Биди вистински христијанин! Тогаш нема никого да го сфатиш погрешно, туку твојата љубов ќе покрие сѐ... Како што Христос стои пред вратата и тропа, но не ја отвора со сила, туку чека човековата душа самата слободно да Го прими, така и ние треба да се однесуваме кон секоја човечка душа...

Зборовите ги надразнуваат ушите, а често ги нервираат и луѓето. Напротив, одекнуваат молитвата и животот. Животот вознесува, препородува и преобразува, додека зборовите остануваат бесплодни. Најдобро мисионерската работа се остварува преку нашиот пример, љубовта и благоста.
Љубовта е над сѐ. Она што треба да ја окупира нашата душа, деца мои, е... љубовта кон другиот човек, односно неговата душа. Што и да правиме – молитва, совет, опомена – сето тоа треба да го правиме со љубов. Без љубовта од молитвата нема полза; советот навредува, опомената е штетна и го упропастува другиот, кој чувствува дали го љубиме или не, и реагира на соодветниот начин. Љубов, љубов, љубов!
Љубовта кон нашиот брат нѐ подготвува уште повеќе да Го возљубиме Христос."


  -  Старец  Порфириј

 

Мај 2021 лето Господово

Избор од фб профил на
 Monika Nikolova