TViTer719.SHangajski
  ·
           Еднаш, за време на војната, снемало храна во сиропиталиштето во Шангај. Свети Јован продолжи да носи нови деца, од кои некои имале родители, но многу сиромашни. Ги имаше околу деведесет.
Гневна од зголемениот број на деца и недостигот на храна, госпоѓа Шахматова (на фотографијата) му рече на владиката Јован дека таа и другите жени кои помагаат повеќе не можат да издржат:  постојано се носат нови деца, кога дури и оние кои веќе се таму нема што да  јадат.
            Владиката беше многу уморен од напорната работа и само нажалено праша: „А што најмногу ти треба?“
Таа налутено продолжи:
„Сè, особено овесни снегулки. Немам што да ги нахранам децата наутро.“
          Св.Јован нажалено ја погледна и се качи на катот. Во текот на ноќта слушнала како владиката прави големи метании во својата ќелија.
             Ја гризеше совеста и не можеше да заспие.
 Утрото некој заѕвони на вратата. Тоа беше англиски господин, претставник на компанија за продажба на житарици. Тој рече дека имал вишок овесни снегулки и сака да ги даде како подарок во сиропиталиштето во огромна количина…


(Свети Јован Шангајски, Житие и акатист, стр. 23)


https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=594628265992477&id=100063359272423&mibextid=Nif5oz