Забележав дека многу луѓе преземаат илјада работи за да заработат повеќе пари и обично се оправдуваат велејќи дека немаат доволно пари и затоа мораат толку многу да работат. Меѓутоа, ако му понудите на некого да седи дома и само да извршува молитва, а му платите повеќе отколку што може да заработи, тој ќе одбие. Љубовта Божја ги напуштила нашите души, па затоа не можеме да бидеме ,,зафатени" само со Него, дури и ако сме платени за тоа.
„Евтината“ љубов кон Бога секогаш се грижи за сопствената корист, и затоа христијанинот кој има малку љубов се ограничува на уживање во световните добра до тој степен што тие сè уште не се сметаат за грев (на пример, за време на Великиот пост јаде до полноќ).
Тој сака да ги има сите дозволени световни радости, а потоа не разбира зошто не ја чувствува Божјата љубов.
Свети Пајсиј Светогорец
Православни Духовни поуки од Светите Старци