SVNEKTARIJ2

Свештениците имаат, говорел често Светителот, благодат што ја немаат ни Архангелите ни Ангелите, а тоа е благодатта на принесување и претворање на Светите Дарови во Крв и Тело на Господ и Спасител наш Исус Христос. Според него, кон оваа тајна, кон Светата тајна на свештенството, пристапуваат ретки и од Бога избрани луѓе, воздигнати, по одговорност, над останатите во однос кон Бога. Свештениците, значи, имаат голема и строга одговорност, која, ако не ја извршуваат достојно и правилно, ги води кон Судот Господов и вечна погибел.


Свештеникот, според Христологијата на Свети Нектариј Егински, е носител на Божествената благодат, кој ги извршува Божествените тајни, учител на побожноста и посредник меѓу Бога и луѓето, кој на крилјата на благодатта,подражавајќи го духовниот лик на Божјиот ангел, и вознесува кон Бога молитвите и воздишките на доверените души, а во исто време, од небото спушта изобилни и заслужени Божествени дарови.