
Еднаш, во неговата ќелија во манастирот Самтавро, старец Гаврил го посетиле неговата мајка и сестрите.
Тоа била последната година од животот на отец Гаврил. Тешко болен, лежел во постела.
По неколку прашања и краток разговор, мајката заплакала и рекла:– Гавриле, што виде ти во овој живот, освен страдања и маки?Ни детство немаше, ништо немаше. Зарем не можеше да послушаш и да се сочуваш? И ти си, сепак, човек!
Кога ги видел солзите во очите на својата мајка, отец Гаврил многу се натажил. Од една страна, затоа што неговата родена мајка ни тогаш не го разбрала и не сфатила дека тој, необично ранет од љубовта кон Христос, не можел поинаку да живее.
Од друга страна, тоа била неговата мајка, која заедно со него го носела товарот на неговиот живот, а нејзините солзи извирале од длабока болка.
Отец Гаврил накратко замолчил, а потоа тивко рекол:– Јас не можев поинаку да живеам.
(Од книгата „Јуродивиот Гаврил (Ургебадзе). Преподобен исповедник“.)
На фотографијата: монахињата Ана, мајката на старец Гаврил.