sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

 

Со постот е поврзано и бдението.

Природно е бдението да е тесно поврано и со молитвата и дека без неа нема никаква смисла. Бдението е неопходно за подвизување по углед на Христос, кое човекот го води кон очистување, просветлување и обожување.
 Пример за бдениени дава и самиот Христос,  што се гледа од евангелските текстови. Евангелистот Лука пишува: Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога.  А кога стана ден, ги повика учениците Свои и до нив избра дванаесет, кои ги нарече апостоли. (Лк.6;12-13). Изборот на апостолите се случил после сеноќното бдение, после бдението на гората. После чудото со умножувањето на петте лебови, па штом го распушти народот, Тој се искачи на планината да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.(Мт.14;23).
 Толкувајќи го Христовото искачуваер на гората за да се моли, св.Јован Златоуст вели дека тоа Христос го направил за да не поучи „дека е добра пустината и осамеништвото кога имама потреба да се обратиме кон Бога“. Треба да тежнееме кон безмолвието во пустината, бидејќи „пустината е мајка на безмолвието, спокој и лулка која не ослободува од секакво поматување“.

Подготви: С.А.