Навредливоста

 Навредливоста доаѓа од високоумието, покрај кое луѓето сметаат и чувствуваат дека се прилично вредни; па тогаш кога некој ќе се осуди да не ни го укаже потребното (почитување), ние се здрвуваме и смислуваме одмазда.
Вие добро правите што не дозволувате овие чувства да се појават туку така, но не правите добро кога понекогаш ги пуштате долго да останат внатре. Зашто непријателот по неколку денови подига бура во вас. Потрудете се да не пропуштате ни момент, туку веднаш да се дофатите себеси и да ја разорите својата охолост (високоумие). Не гледајте на оној кој ве навредува и на навредата: тука ќе најдете само потпора за навредливоста. Исфрлете го тоа од главата и самите себе облечете се во кострет на ништожноста. Апостолот вели дека се лажи оној кој за себе мисли дека е нешто.... Е, тоа „нешто“ треба да се разори и да се исфрли низ прозор. Кога ќе се појави чувство за ништожност и кога за себе ќе сметате дека заслужувате секакво понижување и навреда, тогаш навредливоста и одмаздољубието ќе испарат сами од себе.

Гордоста

Повелете чувајте се пред сè да не стигнете на патот кон гордостаида не се заглавите на него. Првиот чекор на тој пат е придавањето на вредност на себеси – скриено чувство дека јас сум не само нешто, туку нешто важно пред луѓето и пред Бога. Од овие две потоа се раѓа цел куп на горди мисли и чувства, потполно противни на Бога.
Гордоста е најпогубна страст; и толку е попогубна, колку што надворешно почисто делува (гордоста во чувствата, а не во надворешното држење). Тоа што вам старите уште од детството ви го зборувале за гордоста, значи дека Бог сака сами да се смирите, и подготвен е да ви подари смирение ако побарате...
Се жалите на гордост, гнев и осудување. Последните две потекнуваат од првото. Задобијте смирение, па гневот и осудувањето ќе исчезнат сами од себе... Против гневот – стиснете заби и ќутете. Тоа е прво, основно средство. Второ е, по можност, малку да се оддалечите, да не би го виделе оној кој предизвикува гнев. Кога ни тоа нема да го сузбија гневот, туку човекот ќе се најде во ситуација да зборува глупости и тешки зборови, најдете јаже, подебело, па појдете кај сестрата. Правејќи пред неа земен поклон, речете: мила сестричке, послужи ми и со ова јаже добро изудирај ме. Можете и мера да одредите – пет, десет удари, само да се почувствува. Правете го тоа секој пат кога ќе  пламнете од гнев. Ова средство е добро и против гордоста. Против осудувањето – колку побргу присетете се на своите гревови и држете ги во свеста, па осудувањето ќе се повлече. На секој начин борете се против овие и сите други страсти, одгонувајќи ги далеку од себе и самите нивни зачетоци, и следејќи ги нивните движења, со молитва кон Господа.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.