sv.Ignatij.Brjancaninov2.jpg

ПОСЛУШАНИЕ И ДУХОВНИШТВО (Свети Игнатиј Брјанчанинов)
 
Не заморувај се залудно барајќи наставник: нашето време богато со лажни учители е многу оскудно со духовни наставници. На подвижниците ним им ги заменуваат отечките книги. Образувај се со нивно читање и со молитва во покајност на духот.
Потруди се да најдеш добар и совесен духовник. Ако го најдеш - биди задоволен од тоа: совесните духовници денес се голема реткост.

 Многумина  ставаат тешки товари на рамената на ближните, но малку се оние кои се научиле и би помогнале во носењето на товарот.
Друштво од благочестиви луѓе и беседа со нив донесува вистинска корист. Но, за советување и раководење не е доволно да се биде благочестив, треба да се има духовно искуство и пред се - духовно помазание. Такво е мислењето на Светото Писмо и на отците за овој предмет.

Благочестивиот, но неискусен советник, попрво може да збуни, отколку да донесе корист. Не само меѓу мирјаните, туку и меѓу монасите е многу тешко да се најде советник, кој, така да кажеме би ја измерил душата која се советува со него и би и дал совет од неа, од нејзиниот имот. 

Денес советниците и раководителите даваат совет пред се од себе  или од книгите. А токму советот на оној првиот, кој на душата и дава совет од неа, е посебно корисен и делотворен: близок и е на душата, бидејќи таа бара засолниште во сенка на советот кого го доживува и чувствува како свој.

Свети Исак рекол:
 „Никој нема ништо покорисно, од соодветниот совет. “
 А  советот кој се доживува како туѓ, макар навидум составен од благи и разбирливи зборови, на душата и донесува само маки и растројство. Таа чувствува дека е неумесен, чувствува дека и е туѓ.
„Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите исцелува“ . (Изрек. 12, 18).

Почесто читајте ги Светите Отци, тие нека ве раководат, потсетуваат на добродетели, поучуваат за патот Божји. Тоа е начинот на животот кој му припаѓа на нашето време: тој ни  е заповедан и предаден од Светите Отци од подоцнежните векови.

 Жалејќи се на голема оскудица на богопросветлени наставници и советници, тие на ревнителот на побожност му заповедаат во својот живот да се раководи од отечките дела. „Познавањето на светиот е разум“ (Изрек. 9,10).
+++
Што значи монашката доблест - послушание?

Таа е признавање на човечкиот разум за паднат и затоа - негово отфрлање со силата на верата. Од верата доаѓа послушанието,
од послушанието - смирението,
а од смирението - духовниот разум, кој е оплеменета вера.

Монашкото послушание процветало покрај многуте духовни наставници. Со недостатокот на наставници, почнало и опаѓањето на големиот подвиг послушание, кој духовниците бргу ги доведувал до светост; верата која ја сочинувала суштината, а тој подвиг бара  нејзиниот предмет да биде вистински и духовен -  тогаш таа води кон Бог.


Верата, пак, кај човекот доведува до избезумен фанатизам. Раководењето, според делата на Светите Отци води (кон светлина и кон Бог) многу побавно и послабо; на тој пат има многу повеќе сопки:
книгата напишана на хартија не може да ја замени живата книга - човекот.

Прекрасна книга се - умот и срцето, напишани со Светиот Дух!
 Бидејќи од неа зборува животот!

Така  на оние кои со вера слушаат им се предава токму тој живот. Но, заради оскудица на наставници, раководењето по отечките дела станало единствено раководство кон спасение.Кој ке се потчини на тоа раководство може веќе да се смета за спасен; кој пак, ќе се раководи по сопствените сфаќања или спред учењето на лажните учители, треба да се смета за изгубен.

Вашето срце нека му припаѓа на единствениот Господ,  а во Господа и на ближниот. Да му се припаѓа на човекот без тој услов е страшно.
 „ Не станувајте робови на луѓето“ - рекол апостолот. 

Мене секогаш во длабочината на срцето ме вознемируваат зборовите на Свети Јован Претеча, кој ги изрекол по повод својот однос кон Господа, а кој ни се сочувани во Евангелие според Јован:
„  Оној што има невеста,  младоженец е; а пријателот на младоженецот кој стои и го слуша. многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа пак моја радост се исполни. Он треба да расте, а јас да се смалувам!“ (Јован 3, 29-30).

Секој духовен наставник треба да биде само слуга на небесниот женик, треба душите да ги приведува кон него, а не кон себе, треба да им објавува за бесконечната  неискажлива Христова убавина, за Неговата безмерна добрина и сила.
Нека го засакаат Христа, Кој навистина заслужува љубов, а наставникот (раководителот)  како големиот и смирен Крстител, стои настрана сметајќи се себеси за ништожен и радувајќи се на своето намалување кое служи како обележје на духовно напредување.

Се додека во учениците превладува телесното чувство нивниот наставник е голем пред нив; но, кога во нив ќе де појави духовното чувство и кога Христос ке се возвеличи во нив - тие во својот наставник почнуваат да гледаат само благотворно Божјо орудие.

Чувајте се од пристрасност кон наставникот. Мнпгумина не се чувале, па заедно со своите наставници паднале во мрежите на ѓаволот. Советот и послушанието се чисти и угодни на Бог само додека не се извалкани со проистрасност.

Пристрасноста го прави саканиот човек идол, а Бог со гневиви, се одвраќа на жртвите кои му се принесуваат на тој идол . Така залудно се губи животот,  добрите дела пропаѓаат како мирисен чад кој го развејува силниот ветар или го заглушува смрдеа.
Не давајте во вашите срца место на никаков идол.
И ти наставнику, чувај се од грешен потфат!  Немој да го заменуваш Бог на душата која ти приоѓа.

Следи го примерот на Светиот Претеча:  Барај го единствено тоа, во твоите ученици,
 да расте Христос.
 Кога Он ќе порасне, ти ке се смалиш; и дури ќе се видиш себе си дека си се смалил заради Христос кој пораснал, тогаш  радувај се.
Со такво однесување чудесен мир ќе го исполни твоето срце и ти во себе ќе го видиш исполнувањето на Христовите зборови  - кој ќе се понижи , ќе се воздигне.


Недостатокот од духовно поучување теба да се смета за најголема несреќа. Таа несреќа не се воочува лесно. Монахот не ја сфаќа бргу.

Почетникот обземен со ревноста во која големо значење има крвта а духовниот разум многу малу, вообичаено се задоволува со она подучување на кое ќе наиде во  манастирот , или кое сака да си го пружи сам на себе.
Но , подоцна по најгрижливото изучување на Светото Писмо и отечките дела, на подвижниците и тоа на малкумин од нив, малку по малку им станува јасно дека за монанашкото напредување е неоходно духовно поучување и дека душевното поучување колку и да е раскошно и сјајно од надвор, колку и да го прославува слепиот свет - останува во мрак и своите следбеници ги држи во мрак, во областа на  паднатите духови (Јак.3,15).

 Свети Исак Сирин  вели:
„ Едно е достоинството на зборовите од духовно искуство, а друго е достоинството на красноречивите зборови. Ученоста умее да ги украсува своите зборови и кога делото не го изучи искуствено; таа умее сјајно да беседи за вистината, а да не ја познава; вкусила познание на добродетел која потекнува од творење на вистината.

Зборовите кои потекнуваат од духовното искуство се ризница на надеж, а ученоста без искуствено знаење е за срам. Кој беседи за она што не е втемелено на искуствено знаење, сличен е на уметник кој на ѕид слика извор на вода, но, таа вода не може да ја изгасне неговата жед,
 или пак е сличен на човек кој има чудесни сновиденија.
А оној, кој за добродетелта зборува врз основа на сопственото искуство на слушателите им дава зборови како некој, кој дава дарови од својот имот, стекнат со сопствени пари.

 Во срцето на оние што го слушаат, тој ги сее зборовите кој самиот ги стекнал . Тој смело ја отвара устата пред духовните чеда , како во дамнина Јаков , кој на целомудрениот Јосиф му рекол:
„Јас ти давам еден дел повеќе отколку на браќата твои, од она што го зедов од рацете аморејски, со својот меч и со својот лак (1.Мој.48,22)“.

„Не барај совет од некој кому му е туѓ твојот живот (монашки), макар да е и многу учен. Исповедај ја својата помисла на оној,  кој не знае науки,
 но искуствено го познава монаштвото, а не на слаткоречивиот философ, кој во својата ученост беседи според книгите и искуствено не е запознат со делото“.

На нашето време не е дадено послушание на страците во оној облик, во кој што постоело кај древното монаштво. Преподобниот Касијан Римјанин вели дека, египетските отци, меѓу кои монаштвото особено процветало и донесувало восхитувачки духовни плодови
 „ тврдат дека на мудрите им е својствено добро да управуваат и да бидат управувани, и велат дека тоа е  најголем дар и благодат од Светиот Дух “.

Неопходен услов за такво потчинување е духоносниот наставник, кој според волјата на Духот ја умртвувал паднатата воја на оној кој му се потчинил во Господа, умртвувајќи ги во таа падната волја и сите страсти.
Паднатата и оскверната човекова волја во себе крие стремеж кон сите страсти. Очигледно е дека умртвувањето на паднатата волја која толку величествено и победоносно се извршува со волјата на Духот Божји, неможе да се извршува со паднатата  волја на наставникот кога тој сеуште им   е потчинат на страстите.

„ Ако сакаш да се откажеш од светот - им веле Свети Симеон Нов Богослов на нему современите монаси - и да се научиш на Евангелски живот, тогаш не препуштај се на неискусен или страсен учител,  за наместо на Евангелски, да не се научиш на ѓаволски живот,
бидејќи добрите учители  имаат и добро учење, а злобните , злобно; од злобното семе сигурно ќе израснат и злобни плодови.

 Секој што не гледа , а ветува дека ќе ги поучува другите, измамник е и своите следбеници ќе ги турне во пропаст, според словото Господово:
 Кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама  ( Мат. 15, 14)“.

Во друга прилика овој голем Божји угодник, советувајќи го монахот да постапи според упатството на духовниот отец  додава:
 „ Сепак, така да постапува само во случај кога знае дека неговиот духовен отец е причесник на духот и дека нема да му кажува нешто што е спротивно на волјата Божја, туку според својот дар и според мерката на потчинет ќе го каже она што Му е угодно  на Бог и корисно за душата, за да не стане оној кој му се покорува на човекот , а не на Бог“.

Во таа смисла и апостолот вели: „ Не станувајте робови на луѓето“ (!Кор.7,23).

Тој заповеда и служењето на господарите да се извршува духовно: не како угодување на луѓе, туку како Христови слуги , кои ја иполнуваат волјата Божја преку надворешното служење на луѓето (Ефес. 6, 6).
 „ Во луѓето ли сега барам благоволение, или во Бога? -  вели апостолот
 - Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам?
Ако бев сакал да им угодувам на луѓето. немаше да бидам Христов слуга“ (Гал.1,10).
„ Незнаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност - на човекот со телесно мудрување или на Бог - робови сте му на оној, кому му се покорувате:
или робови на гревот , за смрт, или - на послушност за оправдание“ (Рим.6,16).

Послушанието го образува послушаникот според образот на оној кого го слуша:
„ Овците, гледајќи во прачките зачнуваа“ - вели Светото Писмо (1. Мој.30,39).

Оние старци, кои врз себе ја земаат улогата - да го употребам тој непријатен збор, кој му припаѓа на светот на незнабожците, за поточно да ја објаснам работата, која во суштина   и не е ништо друго, туку душепогубна глума и тажна комедија - значи старците кои врз себе ја земаат улогата на древните свети старци, немајќи ги нивните духовни дарови, нека знаат дека и нивната намера , како и нивните  претстави и поими за големо монашко дејствување  - послушание - се лажни,
 и дека и самиот нивен начин на размислување, нивниот разум и нивното знаење претставуваат само залажување и демонска прелест, која не може да не донесе соодветен плод во оној  кого го поучуваат.

Нивната неправилна душевна состојба само за некое време може да остане незабележана од неискусниот почетник кого го раководат, доколку тој почетник, колку толку е разумен и се занимава со своето читање, со искрена намера да се спаси. Во одредено време, тоа неизоставно мора да се разоткрие и да послужи како повод за најнепријатно разделување и најнепријатни на старецот со ученикот за душевно растројство и на едниот и на другиот.

Страшна работа е горделиво и самоволно да се примат на себе обврски кои можат да се исполнат само по заповед на Светиот Дух и на Неговото дејствување. Страшна работа е, да се преставуваш себе си ккао сад на Светиот Дух, додека општењето со сатаната сеуште не е прекинато и садот не престанува да се валка од дејствувањето на сатаната! Тоа е погибелно и за себе и за ближниот, злостор е пред  Бога и е богохулно.

 

Ќе  продолжи...
Подготви: Мирјана Даниловска - Мина