Свети Јован Златоуст

troicnik.korica4.jpg
 За грешникот нема поголема корист од постојаното предочување на своите гревови во умот и пред очите свои, и од што почестото смирување и преиспитување на себеси. Ништо друго не е толку силно за да го умилостиви гневот Божји: ниту постот, ниту  бдението, ниту било што слично.
 За да бидеме возљубени од Бога, мораме да ја развиваме душевната убавина, секојдневно измивајќи ја секоја нечистотија преку читањето на Светото Писмо, молитвите, милостината, со единомислие помеѓу себе.
 На оној кој сака да Му угодува на бога, да пребива во добродетели и чистота, насушно му е потребно да не води мирен, пријатен и безгрижен, туку тегобен живот, исполнет со многу трудови и подвизи.
 Зошто световната тага предизвикува смрт? Од таа причина што прекумерната тага обично доведува или до сомнеж, или до погубно богохулство.
 Сакаш ли да бидеш еднаков на апостолите, знај дека ништо не ти стои на патот: доволно е макар да ја исполниш добродетелта на милостината, па во ништо да не заостануваш зад нив.
 Без девственост може да се задобие Царството Небесно, а без милостина нема никаква можност за тоа.
 И живеејќи во градот може да се подражава мудрољубието на пустиножителите; и омажената жена, и семејната жена може да се моли, да пости и да достигнува во умиление.
 Каква е навистина користа од земните наслади? Денеска постојат, а утре ги нема; денес преубав цвет, а утре расеан прав; денес распламтен оган, а утре изладена пепел.
 Се грижиш ли за своето спасение, немој тоа да го докажуваш со зборови, туку со своите дела. Затоа потруди се да го исправиш својот живот, зашто неверникот ќе те праша: “Како да знам што заповедал Бог и што треба да се прави? Зашто ете ти, христијанин по раѓање и човек воспитан во таа прекрасна вера, ништо добро не правиш“. А што ќе речеш ти? Без сомнение, ќе му понудиш ваков одговор: “Ќе ти покажам други луѓе, кои ги исполнуваат заповедите: монасите, оние што престојуваат во пустините, и Светите.” Но зарем не ти е срам, сметајќи се христијанин, да укажуваш на други, како да не можеш да докажеш дека и самиот извршуваш христијански дела? Неверникот истиот миг ќе ти возврати: “Зошто би морал да заминувам во високи гори и пустини? Ако не е можно да се пребива во мудрољубие во градовите, тогаш тоа треба да биде голема оптужба против христијанското живеење за чие што остварување е потребно да ги напуштиме градовите и да бегаме во пустините.”
 С# извршувај заради покорување на Господа и с# што превземаш да биде заради Него. Ова е доволно за да не допуштиш да те обземе било каква соблазна или во твојот живот да завладее неред.
 Во тело го прославува Бога оној кој не се оддава на блуд, кој не се прејадува, кој не се грижи за надворешното украсување, кој за себе покажува само онолку грижа колку што е неопходно заради здравјето, кој не прави прељуба, како и жената која на себе не става секакви мириси, не го украсува со бои своето лице, која е задоволна со својот изглед кој &  е даден од Бога и не му достава ништо неприродно.
*       *       *
 Вие, мајки, најмногу грижете се за ќерките, тоа вам не ви е тешко. Пазете на тоа тие да седат дома; а пред с# учете ги да бидат богобојазливи, скромни, да ги презираат парите и премногу да не се грижат за облеката. Вакви и омажете ги. Ако така ги воспитате ќерките, тогаш не само што нив ќе ги спасите, туку и мажот, кој ќе ги земе, и не само мажот, туку и децата – и не само децата, туку и внуците. Ако е коренот добар, тогаш и гранките подобро ќе израснат, и за сето тоа вие ќе добиете награда. Затоа сето тоа ќе го правиме како оние кои се грижат за доброто не само на една душа, туку за многуте преку една. Затоа што ќерките, кога стапуваат во брак, треба да излезат од татковиот дом така како што борачите излегуваат од местото на натпреварувањето, т.е. би требало до ситници да ја знаат науката, со помош на која би можеле, како што квасецот прави сето тесто на нарасне, да внесат убавина во животот на целото семејство.
 А синовите пак мораат до таа мерка да бидат скромни, што најпрво ќе ги препознаваат по понизноста и целомудреноста, и за да заслужат поголема пофалба од луѓето и од Бога. Нека се научат да го зауздуваат стомакот, нека се воздржуваат од излишни трошоци, нека бидат штедливи, нека љубат нежно, нека се научат да се покоруваат на властите. Зашто, на тој начин тие можат на родителите да им задобијат голема награда. Тогаш с# ќе биде во слава Божја и за наше спасение, во Христа Исуса, Нашиот Господ, Кому нека е Слава со Отецот, заедно со Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови, Амин.
 Според тоа, да ги образуваме децата така, што тие би можеле с# да поднесат и да знаат како да постапуваат кога ќе наиде несреќа, да ги воспитаме во науката Господова – и нам ќе ни припадне голема награда. Всушност, ако луѓето кои се занимаваат со сликање на царевите, со изработка на нивните портрети, многу ги почитуваат, зошто тогаш ние, кои го живописуваме ликот на Царот Небески – зашто човекот е лик Божји, нема да уживаме многу поголеми добра затоа што ја оживуваме Божјата икона? Токму со тоа може да се спореди мудрољубието на душата, кога ќе ги научиме децата да бидат добри, мирни, неосветољубиви, спремни за извршување добри дела, човекољубиви, што Му е својствено на Бога, и кога ќе ги научиме да не бидат страсно приврзани за земните блага.
*       *       *
 Од читањето на Светото Писмо може да се има голема и значајна корист. Тоа е тука за сите, без пречки, и секој кој сака може, читајќи го него, да добие лек за онаа страст која него го измачува и брзо да се исцели, само ако не го отфрли, туку го прими со благодарност. И навистина, од сите несреќи кои ја оптоваруваат човечката природа, нема болест ниту душевна ниту телесна, која не би можела да добие лек во Светото Писмо.
 Затоа ве молам што почесто да доаѓате во храмот и да го слушате читањето на Светото Писмо. Правете го тоа не само кога сте во храмот, туку и во домот земајте ги во рака Светите книги и ревносно наоѓајте во нив корист за себе. Зашто голема е користа од нив: прво, од читањето умот се просветува, и душата добива крилја и станува возвишена, бидејќи е озарена од светлоста на Сонцето на вистината. Во тоа време таа се ослободува од нечистотијата на порочните помисли и се насладува со голем мир и спокојство. Колку што телесната храна ги одржува нашите сили, толку и читањето на Светото Писмо ја одржува нашата душа. Тоа е духовна храна, која го зајакнува умот и ја прави душата силна, храбра и мудра, не &  дозволува да запаѓа во неразумни страсти, туку напротив, &  го олеснува полетот, доведувајќи ја до самото небо. Да се грижиме за таква корист, и да почнеме во домот внимателно да го читаме Светото Писмо, и доаѓајќи во црква, да не го губиме времето на празни и бескорисни разговори, туку за тоа за што сте дојдени, на тоа и обрнувајте го сето ваше внимание и слушајте го она што се чита, за да заминете оттаму со некоја добивка.
*       *       *
 “Како што Црквата Му се покорува на Христа, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во с#. Вие мажите, сакајте ги жените своите како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.” (Ефес. 5, 24-25).
 Видовте колкава е цената на верноста. А сега послушајте колку треба да жртвуваме за љубовта. Дали сакате жената да ви биде послушна како што и Црквата Му е послушна на Христа? Тогаш превземете ја на себе истата грижа за неа, каква што на Себе ја превзеде и Христос за Црквата. И, ако би било потребно за неа да го дадете и својот живот, да претрпите било какви страдања – немојте тоа да го одбиете. Ако бидете подложени дури и на сето тоа, ниту тогаш нема да направите ништо слично на она што Христос го направи. Зашто, вие навистина го правите тоа за некој со кого веќе сте биле блиски. А Христос го направи тоа за некој кој Му го сврте грбот и кој Го мразеше. И на истиот начин како што Христос ја почитуваше таквата Црква, ставајќи ја покрај Своите нозе, неа која Му го заврте грбот, која Го мразеше и презираше, не поради закани или принуди, туку токму поради Неговата неизмерна љубов, така, значи, и вие треба да се владеете кон своите сопруги. Ако сопругата дури и ве омаловажува и ве презира и исмејува, и тогаш поради големата почит кон неа, со својата љубов и љубезност ќе можете да ја ставите покрај своите нозе. Зашто, ништо не влијае посилно од овие спони на љубов и љубезност, а особено помеѓу мажот и жената. Навистина, можеби човекот со страв и ќе го приврзе својот слуга; но не, нема ниту него, зашто и тој ќе бара начин да избега и замине. Но ти, својот животен другар, мајката на своите деца, изворот на сите свои радости, не би требало да ја врзуваш со страв и закани, туку со љубов и благ однос. Зашто, какво е тоа единство каде што жената се плаши од својот маж? И какво задоволство ќе има мажот ако со својата жена општи како со робинка, а не како со сопруга која го љуби по своја слободна волја? Дури и ако во нешто пострадаш поради неа, не ја казнувај, зашто ни Христос така не направи.
 Не го барајте од својата жена она што таа не може да го има. Гледате ли дека Црквата с# што има, го доби од рацете на својот Господар? Он ја направи славна, Он ја направи чиста, Он ја направи непорочна. Не & го врти грбот на својата жена поради нејзините недостатоци. Твојата жена ја создал Бог. Ти не ја осудуваш неа, туку Оној Кој ја создал. Што може да направи жената? Не ја фали поради нејзината убавина. Пофалбата, омразата и љубовта засновани на надворешната убавина извираат од нечистите души. Трагај по убавината на нејзината душа. Подражавај Му на Женикот на Црквата. Надворешната убавина е полна со измама и разврат и ги наведува луѓето на љубомора, а честопати и на мечтаење за лоши работи. А дали дава некакво задоволство? Можеби за месец или два, или во најдобар случај за една година, но не за подолго. Одушевувањето исчезнува по блискоста. Меѓутоа, злото кое настанува од надворешната убавина останува: гордоста, лудоста, злобата. Љубовта која започнала на здрава почва останува верна и огнена зашто е загледана во убавината на душата, а не на телото. Кажи ми што има поубаво од небото? Што има поубаво од ѕвездите? Опиши го кое сакаш тело, па ниту едно не е толку убаво. Зборувај ми за било чии очи, нема ниедни кои така блескаат. Кога ѕвездите биле создадени, самите ангели ги гледале со воодушевување, а и ние со чудење ги гледаме но не со онакво како некогаш. Тоа е поради лошата навика. Работите не н# возбудуваат со истиот степен. А колку е тоа поточно во однос на жената! Па дури и ако по некоја случајност наиде болест, с# одеднаш пропаѓа. Барај во жената нежност, смиреност и благост. Тоа се знаците на убавината. А не треба да бараш во неа само телесна љупкост, ниту пак да ја казнуваш што ја нема, зашто таа за тоа воопшто не е виновна. Зарем не гледате како многу луѓе, живеејќи со убавици, недостојно го завршиле својот живот, а колку ги има што живееле со жени со не толку голема убавина, па доживеале значително длабока старост во голема радост? Да ја избришеме “маната” за која е пишано, да ги измазниме “брчките” кои одвнатре ја нагрдиле, да ги отфрлиме “дамките” кои се на душата. Тоа е убавината која Бог ја бара. Да се потрудиме жената да биде убава во очите Божји, а не во нашите.

Превод: Братство на ман. Св. Гаврил Лесновски

Извор:ТРОИЧНИК

{moshits}