Енциклопедија на  Православниот духовен живот - Свети Игнатиј Брјанчанинов
 - БОГОМИСЛИЕ -


Свети Димитрие Ростовски и Тихон Вороњешки се занимавале со богомислие, т.е. своето размислување за овочовечувањето на Бог Логос, за Неговото чудесно престојување на земјата, за Неговите страшни и спасоносни страдања и други слични длабоки тајни на Христијанството. Светите размислувања на спомнатите светители се изложени во нивните дела.
Таквите размислувања Свети Петар Дамаскин како и други аскетски писатели ги става во  - духовни виденија  и меѓу духовните виденија им одредува  - четврт степен.

 Секое духовно видение преставува набљудување на тајни од одреден вид, кое кај подвижникот се појавува во склад со неговото очистување преку покајание...

Покајанието има своја постепеност, па така, постепеност имаат и духовните виденија. Тајните на христијанството на подвижникот му  се откриваат постепено, во склад со неговото духовно напредување.
Оној што сака да се занимава со богословие, нека ги чита делата на светиите .

Таквото богомислие ќе биде  сосема непогрешливо и многу душекорисно. Наспроти тоа, богомислието ќе биде неправилно и штетно за душата, ако подвижникот пред да се исчисти со покајание,
без јасно познавање на христијанското учење си дозволи себе си самоволно размислување кое не може да не биде погрешно и со тоа не може, а да не доведе до самозалажување и до штетни последици за душата, не може , а да не повлече во пропаст на погибелната заблуда.

 Светителите сосема точно и детално го познавале православното богословие па затоа со својот живот се воздигнале на висина на христијанското совршенство; за нив богомислието било природно, а неприродно е за подвижник кој нема постојани и точни познанија во богословието и кој не е исчистен со покајание.

Затоа Светите Отци им го забранувале богомислието на монасите - почетници, па и воопшто на сите монаси кои не биле подготвени за тоа со наука и кои со својот живот сеуште не го достигнале.
Свети Јован Лествичник вели:
„Неизмерна е длабочината на догмите и на умот  на безмолникот не му е лесно да се потопи во неа. Многу е опасно да се плива во облека: исто толку е опасно и оној што се наоѓа во ропството  на страстите,  да се допира до богословие“.
Ова предупредување е упатено до безмолвниците; познато е дека безмолвието им се дозволува само на монасите, кои веќе  напреднале.

Во дамнина многу монаси паѓале во погибелната бездна на ересите, само затоа бидејќи  си дозволиле да ги разгледуваат догматите,  кои ја надминувале  нивната способност на разбирање  .

„Смиреномудриот монах - продолжува Лествичник - не си дозволува љубопитно  истражување на тајните; гордиот, напротив, се стреми кон тоа да ги истражи и Судовите Божји“.
Токму така!
Желбата за впуштање на богомислие кај оној кај за тоа сеуште не е способен и зрел, претставува наговор на умисленоста - тоа е неразумна и горда желба.

Вежбај се во молитва и во читање душекорисни книги, тоа ќе ти биде вежбање во Богоугодно и Богоправилно богомислие.
Како што сетилните очи, кога ќе се исцелат од слепило, гледаат по своето природно својство,
така и умот, исчистен од грвовната болест, природно почнува да ги согледува тајните на христијанската вера.

Во својот подвиг потпри се на Бог. Ако за тебе и за општа корист на христијанството е потребно да ги согледуваш длабоките тајни и да ги раскажуваш на своите браќа,
тогаш Бог секако ќе ти го даде тој дар.
Ако пак тоа не Му  е  богоугодно на Бог, тогаш треба да се стремиш кон она што е суштински нужно за твоето спасение и што во потполност ќе ја задоволи таа твоја потреба:
треба да се стремиш кон стекнување чиста молитва,  соединета со покајно чувство и плач, со сеќавање на смртта, на судот Божји и на страшните адски темници во кој гори вечниои оган и владее вечната темнина.

Оваа молитва, соединета со такви сеќавања , претставува непогрешливо сјајно и душекорисно Богомислие.
Пренесе М. Д.