Ниту една темнина не може да каже дека сè е завршено

Мислите можат да ни ја украдат радоста, да ни ја помрачат душата и да нè убедат дека утре не постои.
Но, колку пати сме се исплашиле, сме потклекнале, сме поверувале дека сè е завршено, а сепак повторно сме станале! Токму таму каде што сме гледале крај, Бог подготвувал нов почеток.
Ние не сме нашите мисли. Ниту секој страв е вистина, ниту секоја помисла е пророштво.
Затоа, не му верувај на својот страв повеќе отколку на Божјата љубов. Не претворај една минлива мисла во вечна осуда.
Ние не сме само она што ни се случило, туку и она што Благодатта може да го преобрази во нас.
Зашто Бог не го гледа само она што сме го изгубиле во животот. Тој го гледа и она што сè уште може да воскресне.
И сè додека Христос е Воскреснат, ниедна темнина нема право да ни каже дека сè е завршено.
Отец Харалампиј Пападопулос
Симеон Стефковски
1