crkva.prozor.jpgКаков текст на Томост и дали воопшто Всленскиот патријарх го примил документот за создавање паралелна црковна епархија во Македонија, денеска никој ниту во Фанар, ниту во Белград официјално не сакаше да соопшти. Иринеј Буловиќ, Амфилохије и Вранишковски пред три дена биле во Цариград и тврдат дека лично на Вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предале Томосот за т.н. Автономна Охридска Архиепископија. Сепак во штурото соопштение, објавено на интернет страницата на СПЦ и на ПОА нема детали за спорните елементи од Томосот, а за кој Сител веќе пишуваше и кои беа причината црковен Белград три години да молчи.
Има ли нов фалсификат на одлуката на српскиот Сабор од 2005-та, или пак Всленеската патријаршија го признала уставното име на државата, е дилемата која останува да лебди.
Неколкуте обиди на Сител да контактира со црковен фанар завршија безуспешно. Секратарот на патријархот со образложение дека не бил на средбата, не упати кај секретарот на Синодот. Тој, пак, со истото образложение, посочи одговор да бараме од официјалниот портпарол, кој пак за одговор на нашите прашања не преусмери на сосема четврта личност, која исто така не знаела ништо за средбата со црковната делегација на СПЦ.
Без одговор на суштинското прашање остана и црногорскиот митрополит Амфилохије.
Дали се ова значи дека Иринеј Буловиќ и Амфолохије самоволно, без согласност на највисокото црковнио тело на СПЦ, одлучиле да го променат името на државата, и да ги задоволат барањата на блокот грчки цркви, е прашање на кое немаат одговор ниту најголемиот број српски владици, кои на Соборот во мај 2005-та со надгласување одлучија дека во томост мора да стои името на државата, онака како што официјален Белград го признава.
Сепак, македонски црковни кругови, анализирајќи го соопштението на СПЦ, не ја откриваат можноста дека целата посета на фанар нема многу допирни точки со Томост за ПОА, туку само претставува вовед во жестоката кампања која и претстои на Србија пред сосоема извесниот избор на нов српски патријарх.

МАРЈАН НИКОЛОВСКИ- ТВ Сител

Посети:{moshits}