Денес, во митрополитскиот храм на Свето Благовештение во Атина се одржа интронизацијата на новиот Грчки Архиепископ Иероним.

Во говорот на интронизацијата Архиепископот Иероним ја нагласи важноста на соработката меѓу Црквата и државата во интерес на служењето на народот. Тој посочи дека клирот има обврска да сведочи дека Црквата постои за да ги обедини луѓето што се постигнува со дела, а не со зборови. Затоa, Црквата не треба да молчи за проблемите на луѓето.

 

Извор: Romfea.gr