Грузиската Православна Црква денес го одбележа денот на автокефалноста. Во чест на тоа во сите храмови во Грузија се отслужија празнични богослужби. Благодарствен молебен во патријаршискиот соборен храм на Света Троица отслужи Грузискиот патријарх Илија II.Според преданието, христијанството во Иверија го проповедале апостолите Андреј Првоповикан и Симон Кананит. Грузија станала христијансказемја во првата половина од 4 век. Грузиската Црква добила автокефалност во 457 година од Антиохиската Црква. Во 1811 година, после присоединувањето на Грузија кон Русија, автокефалноста на Грузиската Православна Црква била отповикана, и Грузиската Црквапотпаднала под управа на Светиот Синод на Руската Црква со право на егзархат.Во март 1917 годинаавтокефалностаи управата на Патријаршијата биле востановени.По признавањето на автокефалноста, првпатријарх на Грузија бил Кирион III.Светиот Синод на Руската Православна Црква ја призна автокефалностана Грузија во 1943 година. Цариградската Патријаршија го потврди автокефалниот статус на ГрузискатаПравославна Црква во 1989 година.Извор:Patriarhia.ru