Срдечно ги поздравувам сите православни христијани од Чеченската Република со Христовото Раѓање! Рождеството е олицетворение на духовните вредности на православието. Светлиот празник на Раѓањето Христово православните жители на нашата република го одбележуваат во атмосфера на духовно единство, со добра вера во торжеството на мирот и справедливоста, милосрдноста и доброто. Овој празник на луѓето им принесува радост и топлина, љубов и надеж, ги повикува кон милосрдност и грижа за ближниот. Тоа се најважните вредности, кои служат како основа на дружбата и взаемното разбирања во нашето многунационално и многуконфесионално општество.

Во Чеченската Република, во дружба и взаемна почит живеат претставници на многу националности и разни вероисповеданија. Сите тие ја разделуваат радоста на рождеството. Како младенец, на рацете на својата мајка Маријам, Иса (Мирот да е на него) кажал молитва, испросувајќи мир и благоденственост во денот на неговото раѓање... (Куран, Сура Маријам, Ајат 33). Во овој празничен ден, во вашиот живот да влезат мирот и среќата. На сите православни им посакувам здравје, мир, и берикет!
Рамзан Кадиров, претседател на Чеченската РепубликаПодготви: Златко Дивјаковски