208966.b.jpg

Во Ставрополскиот крај почна да мироточи икона на Преп. Сергиј Радонежски

21 јули 2015 лето Господово

Во храмот на Свв. Апостоли Петар и Павле во градот Новопавловск,почна да мироточи икона на Преп. Сергиј Радонежски. Уште повосхитувачко е тоа што ова се случи на денот на неговиот спомен. Иконата е литографска репродукција на една стара икона. Оваа вест за миг се разнесе по Новопавловск и блиските градови и кон црквата притекнаа илјадници парохјани за да се поклонат на изображението на Светецот.

Сега потребно е ова мироточење да биде посведочено од специјална комисија. Откако комисијата ќе ги испита сведоците, местоположбата и условите на чување на иконата и ќе даде извештај дека мрсните траги се појавиле по природен пат, испитувањето на иконата ќе биде предадено на друга комисија. Таа треба да ги потврди првоначалните наоди. Тогаш иконата ќе биде поместена во посебен кивот и доколку и таму продолжи истекувањето на маслената течност, иконата официјално ќе биде објавена за мироточива.

„Иако да се зборува за чудо е сѐ уште рано“, изјави настојателот на црквата „Свв. Петар и Павле“, отец Владислав (Цапко), „сепак со надеж го чекаме решението на експертите. Но ова што се случи само сведочи дека храмот е навистина едно молитвено место, и чистотата на православната традиција меѓу младите овде е зачувана. Можно е мироточението да е добар знак за искупување на гревовите на парохјаните. А можеби тоа најавува и некоја тажна вест. Сега никој не би можел да каже“.

Извор: Православие.ру



Преземено од: Бигорски манастир